18.The Cave
- Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој на Својот роб му ја објавува Книгата, и не ја дал искривена, туку
- исправна, за со тешката казна, која Тој ќе ја даде, да опомене, а верниците кои прават добри дела, со прекрасна награда да ги израдува
- во која вечно ќе престојуваат
- и да ги опомене тие што велат: „Аллах си присвоил син.“
- Тие ништо не знаат за тоа, а ни предците нивни. Колку крупни зборови излегуваат од устите нивни! Тие не говорат ништо, освен лаги
- Па зарем ти поради нив од тага потиштен ќе бидеш, ако тие не сакаат да поверуваат во овој говор
- Сè што е на Земјата Ние како украс го создадовме за да ги искушаме луѓето кој од нив поубаво ќе постапува
- а Ние неа гола лединка ќе ја направиме
- Мислиш ли дека само жителите на пештерата и Реким беа чудо меѓу чудата Наши
- Кога неколку момчиња во пештерата се засолнија и рекоа: „Господару наш, подари ни ја Својата милост и пружи ни во оваа наша постапка вистинско упатство.“
- Ние во пештерата длабоко ги заспавме за долга низа години
- потоа ги разбудивме за да покажеме која од двете групи подобро ќе оцени колку време престојувале
- А Ние тебе ти ја кажуваме веста нивна според Вистината. Тоа беа момчиња, веруваа во Господарот свој, а Ние Упатството уште повеќе им го зголемивме
- Ги зајакнавме нивните срца кога се кренаа и рекоа: „Господарот наш е Господар на небесата и на Земјата, ние, покрај Него, нема на друг бог да му се молиме, бидејќи тогаш тоа што е далеку од вистината би го говореле
- Овој наш народ, покрај Него, други богови прифатил. Зошто за нив јасен доказ не донесат? А има ли понеправеден од тој што за Аллах изнесува невистина?“
- Кога ќе ги напуштите нив и тие кои, покрај Аллах, ги обожуваат, засолнете се во пештерата. Господарот ваш со Својата милост ќе ве облие и за вас, тоа што ќе ви биде корисно, ќе ви го подготви
- И ти можеше да видиш како Сонцето, кога се раѓа, ја обиколува пештерата од десната страна, а кога заоѓа, ја обиколува од левата страна, а тие беа во средината нејзина.157 Тоа е Аллахов доказ! Кого Аллах ќе го упати на Вистинскиот пат, тој по Вистинскиот пат ќе оди, а кого во заблуда ќе го остави, ти нема да му најдеш заштитник кој на Вистинскиот пат ќе го упати
- И ќе помислеше дека се будни, но тие спиеја; и Ние ги вртевме час на десната, час на левата страна, а кучето нивно, со испружени предни шепи, лежеше на влезот; да ги видеше, од нив ќе избегаше и страв ќе те фатеше
- И Ние, исто така, ги разбудивме, за меѓусебно да се запрашаат. „Колку време останавме тука?“ – запраша едниот од нив. „Останавме ден или дел од денот.“ – одговорија. „Господарот ваш најдобро знае колку сте останале.“ – рекоа. „Испратете еден од вас со овие ваши сребреници во градот, и нека види каде јадењето е најчисто и од него нека ви донесе храна и нека биде внимателен, и никому нека не зборува ништо за вас
- бидејќи, ако тие дознаат за вас, ќе ве каменуваат или со сила во верата своја ќе ве внесат, и тогаш тоа што го сакате никогаш нема да го постигнете!“
- И Ние така сторивме тие за нив да дознаат, за да се уверат дека Аллаховото ветување е вистинито и дека во часот на оживувањето нема никаков сомнеж. Кога меѓу себе за нив се расправаа, рекоа: „Изградете ограда на нејзиниот влез, Господарот нивен најдобро знае кои се тие.“ А тогаш тие, чиишто зборови најмногу се почитуваа, рекоа: „На нејзиниот влез ќе направиме светилиште!“
- Некои ќе речат: „Беа тројца, кучето нивно беше четврто“, а некои ќе речат: „Беа петмина, кучето нивно беше шесто“, нагаѓајќи го тоа што не го знаат, додека некои ќе речат: „Беа седуммина, а кучето нивно осмо.“ Кажи: „Господарот мој најдобро го знае нивниот број, само малкумина тоа го знаат. Затоа не расправај за нив, освен површно, и не прашувај за нив никого од нив!“
- И за што било немој никако да кажеш: „Тоа сигурно ќе го направам утре!“ - не додавајќи
- „Ако даде Бог!“158 А кога ќе заборавиш, сети се на Господарот свој и кажи: „Господарот мој ќе ме упати на тоа што е подобро и покорисно од ова.“
- А тие во пештерата своја останаа триста и уште девет години
- Кажи: „Аллах најдобро знае колку останале; тајните на небесата и на Земјата само Тој ги знае. Како Тој гледа сè, како Тој слуша сè! Тие немаат друг заштитник освен Него, а Тој не зема никого во власта Своја за ортак.“
- А ти кажувај го од Книгата на Господарот свој тоа што ти се објавува, на Неговите зборови им нема изменувач, и ти, освен кај Него, нема да најдеш никакво прибежиште
- Биди трпелив покрај тие штона Господарот свој Мусемолат изутрина и навечер со копнеж за лицето Негово, и не спуштај ги очите свои од нив со желба за сјај во животот на овој свет, и не слушај го тој чиешто срце да Нè спомнува невнимателно го направивме, кој страста своја ја следи и чиишто постапки се далеку од разумни
- И кажи: „Вистината доаѓа само од Господарот ваш, па кој сака нека верува, акој сака нека неверува!“ Ние наневерниците им подготвивме Оган чијшто пламен од сите страни ќе ги опфаќа; акопобараат помош, ќе им се помогне со течност слична на растопена ковина која лицата ќе ги испече. Ужасен ли напиток и грозно ли престојувалиште!“
- Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават – Ние навистина нема да дозволиме да им пропадне наградата за добрите дела
- сигурно ги чекаат еденски градини, низ кои реки ќе течат, и во нив со белегзии од злато ќе се украсуваат и во зелени алишта од свила и кадифе ќе се облекуваат, во нив на диваните потпрени ќе бидат. Прекрасна ли награда и прекрасно ли престојувалиште
- И наведи им како пример два човека: на едниот од нив две градини со лоза засадена му дадовме и со палми ги обиколивме, а меѓу нив ниви поставивме
- Двете градини својот плод го даваа, ништо не недостасуваше, а низ нив река спроведовме
- Тој и други плодови имаше, и на другарот свој му рече, додека со него разговараше: „Побогат сум од тебе и со подобро потекло!“
- и влезе во градината своја, правејќи си насилство на себе си, велејќи: „Не мислам дека овој некогаш ќе пропадне
- и не мислам дека Крајот на светот некогаш ќе дојде; а ако Му бидам вратен на Господарот свој, сигурно нешто подобро од ова ќе најдам.“
- И другарот негов му рече, додека со него разговараше: „Зарем не веруваш во Тој што од земја те создал, потоа од капка семе, и на крајот потполн човек те направил
- Што се однесува до мене, Тој, Аллах, е мој Господар и јас на Господарот свој не Му здружувам никого
- А зошто, кога во градината влезе, не рече: ,МашаАллах! Моќта Му припаѓа само на Аллах!‘ Ако гледаш дека кај мене има помалку богатство и помалку род отколку кај тебе, па Господарот мој може уште подобра градина од твојата да ми даде
- а на твојата невреме од небото да испрати, па да остане само лизгава лединка, без ништо
- или водата во понор да се слее, па да не можеш никогаш да ја пронајдеш.“
- И пропаднаа плодовите негови и тој почна да ги крши рацете свои, жалејќи за тоа што во неа го вложил, а лозата беше нависната врз потпирачите свои, и (тој) велеше: „Камо среќа на мојот Господар никогаш да не Му припишував здруженик!“
- И немаше никој да може да му помогне, освен Аллах, а самиот на себеси не можеше да си помогне
- Тогаш може да помогне само Аллах, Вистинитиот, Тој ја дава најдобрата награда и прави сè на најубав начин да се заврши
- Наведи им како пример, дека животот на овој свет е како растение, кое и после натопувањето со вода, која Ние од небото ја спуштаме, сепак останува суво и ветровите го разнесуваат. А Аллах може сè
- Имотот и синовите се украс во животот на Овој свет, а добрите дела кои остануваат, подобри се кај Господарот твој според наградата и подобри според надежта
- На денот кога планините ќе ги отстраниме и кога ќе ја видиш Земјата потполно видлива, а нив веќе ги собравме, ниту еден не пропуштивме
- тие пред Господарот твој во редови ќе бидат наредени: „Ни дојдовте така како што и првиот пат ве создадовме, а тврдевте дека нема да ви одредиме време за оживување.“
- И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. „Тешко нам!“ – ќе зборуваат - „Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!“ – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда
- И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ – сите се поклонија освен Иблис, тој беше еден од џинните и затоа згреши кон заповедта на Господарот свој. Па зарем него и потомците негови, покрај Мене, како пријатели ќе ги прифатите, кога тие ви се непријатели? Колку е шејтанот лоша замена за насилниците
- Јас не ги зедов нив за сведоци во текот на создавањето на небесата и на Земјата, ниту во текот на создавањето на нив самите, и за помагачи не ги земав тие кои на погрешниот пат упатуваат
- И на Денот кога Тој ќе каже: „Повикајте ги тие за кои тврдевте дека се Мои ортаци“, и кога ќе ги повикаат, тие нема да им се одѕвијат и Ние меѓу нив ќе направиме место за пропаста
- И грешниците ќе го здогледаат Огнот, и ќе се уверат дека во него ќе паднат и нема да можат да го избегнат
- Ние во овој Куран на разни начини им објаснуваме на луѓето различни примери, но човекот, повеќе од кој било друг е спремен да расправа
- А луѓето, кога им доаѓа упатството, ги одвраќа од верувањето и од тоа на Господарот свој да Му се молат за прошка само затоа што ја очекуваат судбината на древните народи или што чекаат да им дојде казната пред нив
- Ние ги праќаме Пратениците, само за да носат радосни вести и да опоменуваат. А неверниците се расправаат, служејќи се со невистини, за со тоа да ја негираат Вистината, и се исмејуваат со Моите докази и со Моите опомени
- Има ли понеправеден од тој што кога со доказите на Господарот свој се опоменува, е немарен кон нив, а го заборава тоа што рацете негови го направиле?! Ние на срцата нивни прекривки ставаме за Куранот да не го сфатат, а во ушите нивни глувост; и ако ти кон Вистинскиот пат ги повикаш, тие, кога се такви, никогаш нема на Вистинскиот пат да појдат
- Господарот твој многу простува и неизмерно е Милостив. Да ги казнува тоа што го заслужуваат, Тој веднаш на мака би ги ставил. Но, нив ги чека одредениот Час, од кој нема да најдат прибежиште
- А тие села и градови ги уништивме откако жителите нивни сторија насилство и за пропаста нивна точно време одредивме
- И кога Муса му рече на сопатникот свој: „Ќе одам, сè додека не стигнам до местото каде што се спојуваат двете мориња, или долго, долго ќе одам.“
- И кога тие двајцата стигнаа до местото на кое тие (морињата) се спојуваат, заборавија на рибата своја, па таа во морето си направи пат
- А кога се оддалечија, Муса му рече на сопатникот свој: „Дај ни ја ужината наша, бидејќи се изморивме од нашиов пат.“
- „Види!“ - рече тој - „Кога застанавме кај онаа карпа, јас ја заборавив рибата – самиот шејтан направи да ја заборавам, да не ти ја спомнам – па таа на чуден начин тргна кон својот пат во морето!“
- „Е, тоа е тоа што го бараме!“ - рече Муса, и тие двајца се вратија по патот по кој дојдоа
- и најдоа еден Наш роб, на кого милоста Наша му ја подаривме и за тоа што само Ние го знаеме, го научивме
- „Може ли да те придружувам?“ - запраша Муса - „но да ме подучиш на тоа со кое си ти исправно подучен.“
- „Ти сигурно нема да можеш со мене да се стрпиш,“ – рече тој
- „а како би се стрпел за тоа за што ништо не знаеш?“
- Ќе видиш дека ќе бидам трпелив, ако даде Бог,“ - рече Муса - „и дека нема во ништо да ти се спротивставувам.“
- „Ако веќе сакаш да ме придружуваш,“ - рече тој - „тогаш за ништо не ме прашувај сè додека за тоа јас прв не ти кажам.“
- И тие двајца тргнаа. И кога влегоа на бродот, тој го продупчи. „Зарем го продупчи за да ги потопиш тие што со него пловат? Ти направи нешто, навистина лошо.“
- „Не реков ли јас,“ - рече тој - „дека ти навистина нема да можеш да се стрпиш со мене?“
- „Не ме критикувај за тоа што го заборавив,“ - рече - „и не прави во оваа моја работа тешкотија да ме снаоѓа.“
- И тие двајцата тргнаа. И кога сретнаа едно момче, па тој го уби, Муса рече: „Зошто го уби безгрешното дете кое никого не убило? Ти направи нешто, навистина, многу лошо.“
- „Нели ти реков,“ - рече тој- „дека ти нема да можеш да се стрпиш со мене?“
- „Ако по ова, те прашам за што било,“ - рече - „тогаш немој со мене да се дружиш. Кај мене веќе најде оправдување“
- И тие двајцата тргнаа; икогадојдоа доеден град, ги замолија жителите нивни да ги нахранат, но тие одбија да ги нагостат. Тие двајца во градот наидоанаеден ѕид кој само штонесе срушил, патој гоисправи. „Можеше,“ - рече Муса - „за него да земеш награда.“
- „Ова е разделба помеѓу мене и тебе,“ - рече тој - „ќе те известам за толкувањето на тоа, поради коешто не можеше да се воздржиш
- Во врска со бродот, тој е во сопственост на сиромашни луѓе кои работат на море, и јас сакав да го оштетам бидејќи пред нив имаше еден владетел кој го одземаше секој исправен брод
- Во врска сомомчето, родителите негови северници, пасеисплашивме тој да не ги натера на неред и на неверување
- па сакавме Господарот нивен, наместо него, да им даде подобар и почесен од него, и кон сомилоста поприближен
- А што се однесува до ѕидот, тој им припаѓа на две момчиња, сирачиња од градот, а под него е закопано нивното богатство. Нивниот татко бил добар човек и Господарот твој сака, од милоста Своја, тие да пораснат и да го извадат богатството свое. Сето тоа јас не го сторив по мое мислење. Ете, тоа е толкувањето за тоа за што ти не можеше да се стрпиш“
- И те прашуваат за Зулкарнејн162. Кажи: „За него ќе ви кажам некои вести
- Ние му дадовме власт на Земјата и му дадовме средство за сè.“
- И тој тргна
- Кога стигнаа до местото каде што заоѓа Сонцето, виде како да заоѓа во некој матен извор и во близината негова најде еден народ! „О, Зулкарнејн,“ - рековме Ние - „или ќе ги казниш или со нив благо ќе постапиш?“
- „Тој што правел насилство“ - рече - „ќе го казниме, а потоа на својот Господар ќе Му се врати, па Тој со тешка мака ќе го мачи
- А на тој што верувал и правел добри дела му припаѓа најубавата награда, и нему ќе му издаваме олеснителни наредби.“
- И тој тргна понатаму
- И кога дојде до местото каде што заоѓа Сонцето, тој виде дека тоа излегува над еден народ на кој Ние не му дадовме од него со што било да се заштити
- Така беше тоа. А Ние го опфаќаме со знаењето сето тоа што го имаше тој
- И тој повторно тргна
- Кога стигна помеѓу две планини, пред нив најде народ кој едвај го разбираше говорот
- „О, Зулкарнејн,“ - рекоа тие - „Јеџуџ и Меџуџ прават неред по земјата, па сакаш ли да ти собереме надоместок за помеѓу нас и нив да кренеш преграда?“
- „Подобро е тоа што мојот Господар ми го даде.“ - рече тој. „Туку, вие само помогнете ми колку можете повеќе и јас помеѓу вас и нив преграда ќе кренам
- Донесете ми големи прачиња железо.“ И кога тој ги израмни двете страни на планините, рече: „Дувајте!“ А кога го вжешти, рече: „Донесете ми растопен бакар да го истурам“
- И така тие не можеа ниту да ја преминат ниту да ја поткопаат (преградата)
- „Ова е милост од Господарот мој!“ - рече тој. „А кога ветувањето на Господарот мој ќе се исполни, Тој со земјата ќе ја срамни, а ветувањето на Господарот мој навистина ќе се исполни.“
- И Ние тогаш ќе оставиме едните од нив како бранови да се судираат со другите. И ќе се дувне во рогот, па сите ќе ги собереме
- Тој ден на неверниците јасно ќе им го покажеме џехеннемот
- тие чиишто очи беа прекриени со прекривка за Мојата Опомена икои не можеа да слушаат
- Зарем неверниците мислат дека, покрај Мене, за богови можат да ги земаат робовите Мои? Ние, навистина, за престојувалиште на неверниците им го подготвивме џехеннемот
- Кажи: „Сакате да ве известам за најголемите губитници на делата
- чијшто труд во животот на овој свет залуден ќе биде, а кои ќе мислат дека е добро тоа што го прават?“
- Тоа се тие кои во доказите на Господарот свој нема да веруваат и кои ќе негираат дека пред Него ќе излезат; поради тоа трудот нивен залуден ќе биде и на Судниот ден никакво значење нема да им дадеме
- На нив казна џехеннемот ќе им биде, затоа што неверници беа и што на доказите Мои и на Пратениците Мои им се исмеваа
- На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават – градините на Фирдеусот гостопримство ќе им бидат
- во нив вечно ќе престојуваат и нема да посакаат со нешто друго да ги заменат
- Кажи: „Кога морето би било мастило за да се напишат зборовите на Господарот мој, морето би пресушило, но не и зборовите на Господарот мој, па дури и кога би го прошириле со море како него.“
- Кажи: „Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик