19.Mary
- Каф–ха–ја–ајн–сад
- Ова е спомен за милоста на Господарот твој конробот Негов Зекеријја
- кога тој тивко го повика Господарот свој
- и рече: „Господару мој, коските ми ослабнаа и косата ми оседе, а кога сум Ти упатил молба, Господару мој, никогаш не сум останал несреќен
- Сеплашам одроднините моипо крв, после мене, ажена ми енеплодна, затоа подари ми наследник од Себе
- да ме наследи мене и семејството Јакубово, и стори, Господару мој, да бидеш задоволен од него.“
- О, Зекеријја, ти јавуваме радосна вест дека ќе ти се роди момченце, името ќе му биде Јахја, пред него никого не сме направиле нему сличен
- „Господару мој,“ - рече тој - „како ќе имам син кога жената ми е неплодна, а веќе длабока старост доживеав?“
- „Ете така.“ - рече. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно, и тебе претходно те создадов, а ти не беше ништо.“
- „Господару мој,“ - рече - „дај ми некаков знак.“ „Знак ќе ти биде тоа што три ноќи со луѓето нема да разговараш, а здрав ќе бидеш.“
- Итој излезе од михработ коннародот свој исо знак им даде на знаење: „Славете Го наутро и навечер.“
- „О, Јахја, прифати ја Книгата одлучно!“ – а му дадовме мудрост уште додека беше момче
- и нежност и крепост, и богобојазен беше
- и на родителите свои добар им беше, и не беше дрзок и непослушен
- И нека е мир над него, на денот кога се роди и на денот кога умре и на денот кога од мртвите ќе стане
- И спомни ја Мерјем во Книгата: кога од домашните свои, на источна страна се повлече
- и од нив се прегради, Ние кон неа мелекот Џибрил го пративме и тој ѝ се покажа во лик на совршено создаден маж
- „Барам заштита кај Семилосниот од тебе, ако од Него се плашиш!“ - повика таа
- „А јас сум токму гласник од Господарот твој,“ - рече тој - „да ти подарам момченце, чисто!“
- „Како ќе имам син“ - рече таа - „кога ниту еден маж не ме ни допрел, а јас не сум блудница?“
- „Тоа е така,“ - рече тој. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно.“ - и за да го направиме знак на луѓето и милост од Нас. Неговиот случај е веќе однапред одреден
- И таа го зачна и бремена се тргна некаде далеку
- И породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма. „Камо среќа порано да умрев и целосно во заборав да паднев!“ - повика таа
- И тој, под неа, ја повика: „Не тагувај, Господарот твој даде подолу од тебе поток да потече
- Затреси го палминото дрво, ќе истури по тебе урми свежи
- па јади и пиј и биди весела! А ако видиш некој човек, кажи: „Јас Му се заветував на Семилосниот дека ќе молчам, и денес со никого нема да зборувам“
- И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. „О, Мерјем!“ - рекоа тие - „нешто нечуено си сторила
- Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а ни мајка ти не беше блудница“
- Таа него им го посочи: „Како да зборуваме со дете во колевка?“ - рекоа тие
- „Јас сум Аллахов роб,“ - рече тој - „Тој мене Книга ќе ми даде и веровесник ќе ме направи
- и ќе ме направи благословен каде и да бидам, и ќе ми нареди сè додека сум жив намаз (молитва) да извршувам и зекат да давам
- и кон својата мајка добар да бидам, а нема да ме направи силник, несреќник
- Инека е мир надмене, наденот когасеродив инаденот когаќеумрам, и на денот кога од мртвите ќе бидам проживеан
- Тоа е Иса, синот Мерјемин, тоа е реалната вистина за него, тој во кого тие се сомневаат
- Незамисливо е Аллах да има дете, Возвишен е тој! Кога нешто ќе одреди, Тој за тоа само ќе каже: „Биди!“ – и тоа бидува
- Аллах е и мој и ваш Господар, затоа обожувајте Го само Него! Тоа е Вистинскиот пат
- И следбениците на Книгата во мислењето за него се разделија, па тешко на тие што не веруваат кога на Денот голем ќе бидат присутни
- Колку добро ќе чујат и колку добро ќе видат тој Ден кога ќе Ни дојдат! А насилниците се сега во очигледна заблуда
- И предупреди ги со Денот натагата, когасополагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат
- Ние ќе ги наследиме Земјата и тие што живеат на неа и тие Нам ќе Ни се вратат
- Спомни го Ибрахим во Книгата! Тој беше вистинољубив, веровесник
- Кога му кажа на таткото свој: „О, Татко мој, зошто го обожуваш тој што ниту слуша ниту гледа, ниту може од каква било корист да ти биде
- О, татко мој, мене ми доаѓа знаењето, а не тебе; затоа мене следи ме, и јас на Вистинскиот пат ќе те упатам
- О, татко мој, не му се покорувај на шејтанот, шејтанот секогаш Му е непослушен на Семилосниот
- О, татко мој, се плашам да не те стигне казна од Семилосниот, па да му бидеш пријател на шејтанот
- Неговиот татко рече: „Зарем ги мразиш божествата мои, о, Ибрахиме? Ако не престанеш, со камења ќе те избркам, затоа напушти ме на подолго време.“
- „Мир со тебе!“ - рече Ибрахим. „Ќе Го молам Господарот свој да ти прости, затоа што Тој е многу добар кон мене
- И ќе ве напуштам и вас и сите тие што ги обожувате покрај Аллах, и Господарот свој ќе Го молам; се надевам дека нема да бидам несреќен во молбата кон Господарот мој.“
- Бидејќи ги напушти нив и тие кои, освен Аллах, ги обожуваа, Ние ИсхакиЈакубмугиподаривме,идвајцатагинаправивмеверовесници
- и секакво добро им подаривме и направивме да бидат фалени и по добро спомнувани
- И спомни го Муса во Книгата! Тој беше одбран и беше Пратеник, веровесник
- Ние оддесната странана Турго викнавме икон Себего приближивме, да ги слушне зборовите Наши
- и му го подаривме од милоста Наша, како веровесник, братот негов Харун
- И спомни го Исмаил во Книгата! Тој го исполнуваше даденото ветување и беше Пратеник, веровесник
- Му наредуваше на семејството свое намаз (молитва) да извршува и зекат да дава, и Господарот негов беше задоволен од него
- И спомни го Идрис163 во Книгата! Тој беше вистинољубив, веровесник
- и Ние на високо место го кренавме
- Тоа северовесниците коишто Аллах соблагодати ги опсипал, потомци на Адем и на тие кои со Нух ги носевме, и потомци на Ибрахим и Израил, и на тие кои ги упативме и ги одбравме. Кога ајетите на Семилосниот им се рецитираа, тие на сеџда се спуштаа и плачеа
- Нив ги сменија поколенија, кои намазот (молитвата) го напуштија и по страстите тргнаа; тие пропаста ќе ја сретнат
- со исклучок на тие што се покајаа, и веруваа, и добро правеа, на нив никаква неправда нема да им се направи, тие во џеннетот ќе влезат
- Во еденските градини кои Семилосниот на робовите Свои им ги вети затоа што во нив верувале, а не ги виделе, а ветувањето Негово, навистина ќе се исполни
- во нив празни приказни нема да слушаат, туку само: „Мир!“ – и во нив наутро и навечер снабдувани ќе бидат
- Ќе му дадеме таков џеннет да наследи на тој, од робовите Наши, кој од гревовите ќе се чува
- А ние164 слегуваме само по наредба на Господарот твој. Нему Му припаѓа тоа што е пред нас и тоа што е зад нас, и тоа што е помеѓу. А Господарот твој не заборава
- Тој е Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, затоа само Него обожувај Го и истрај во тоа! Дали знаеш некого кој Му е сличен
- Човекот вели: „Зарем, откако ќе умрам, навистина оживеан ќе бидам?“
- А зарем човекот не се сеќава дека уште претходно го создадовме, а дека не беше ништо
- Се колнам во Господарот твој, Ние и нив и шејтаните ќе ги собереме, потоа ќе ги донесеме околу џехеннемот на коленици да клечат
- а потоа од секоја група ќе ги издвоиме тие што беа најдрски кон Семилосниот
- бидејќи Ние најдобро ги знаеме тие што најмногу заслужија во него да горат
- И секој од вас до него ќе стигне! Господарот твој сигурно така се обврза
- Потоа ќе ги спасиме тие што се чуваа од гревот, а насилниците ќе ги оставиме во него на коленици да клечат
- Кога нашите јасни ајети им се цитираа, тогаш тие што не веруваа им говореа на тие што веруваа: „Која од овие две групи е со подобри домови и со поубави собиралишта?“
- А колку народи пред нив Ние уништивме, кои со богатство и со изглед беа подобри
- Кажи: „На тој што е во заблуда, Семилосниот нека му ја продолжи заблудата!“ – Но кога таквите ќе доживеат опомените да се остварат, било казната, било Крајот на светот, навистина ќе дознаат кој е во полоша состојба и кој има помалку следбеници
- Аллах ќе им го зголеми упатството на тие што се на Вистинскиот пат! А добрите дела, кои остануваат вечно, од Господарот твој ќе бидат подобро наградени и поубаво возвратени
- Зарем не си го видел тој што во доказите Наши не верува и вели: „Сигурно ќе ми биде дадено богатство и деца!“
- Тој, или во гајбот166 продрел или од Семилосниот ветување примил
- Ниедно! Ние ќе го запишеме тоа што тој го вели и страдањето многу ќе му го продолжиме
- а тоа за што тој зборува него ќе го наследи и сосема сам ќе Ни се врати
- И тие покрај Аллах ги прифаќаат божествата да им бидат сила
- А не чини така! Божествата ќе негираат дека биле обожувани и ќе им бидат противници
- Зарем не гледаш дека Ние шејтаните им ги праќаме на неверниците за што повеќе на зло да ги наведуваат
- Затоа не барај што побрзо да страдаат, Ние полека деновите им ги одбројуваме
- Тој Ден кога богобојазните, како делегација, пред Семилосниот ќе ги собереме
- а кога во џехеннем жедните грешници ќе ги потераме
- никој за никого нема да може да се зазема, освен тој што од Семилосниот зел ветување
- Тие велат: „Семилосниот си зел дете за Себе!“
- Вие, навистина, нешто крупно говорите
- Од тоа небесата само што не се распаднале, а Земјата не се урнала и планините не се здробиле
- затоа што на Семилосниот Му припишуваат дете
- А на Семилосниот не Му е потребно да си земе дете
- Та, сите тие, и тие на небесата и тие на Земјата, ќе Му дојдат на Семилосниот како робови
- Тој сите ги опфати и точно ги изброја
- и сите на Судниот ден ќе Му дојдат еден по еден
- Тие што веруваа и правеа добри дела, Семилосниот сигурно ќе ги направи сакани
- Ние Куранот го сторивме лесен, на твој јазик, за со него да ги израдуваш тие што од Аллах се плашат и од гревови се чуваат, а да ги опоменеш непопустливите инаетчии
- А колку само народи пред нив уништивме! Дали кој било од нив гледаш и дали најслабиот нивен глас го слушаш