21.The Prophets
- На луѓето им се ближи Часот на полагањето на нивната сметка, а тие безгрижни, не внимаваат на тоа
- И не им доаѓа ниту една нова опомена од Господарот нивен на која, слушајќи ја, не ѝ се потсмеваат
- со расеани срца. А злосторниците шепотат: „Дали е овој нешто друго освен човек како и вие? Зарем ќе ја следите магијата, а гледате дека е?!“
- „Господарот мој знае,“ - рече тој- „што се зборува на небото и на Земјата; Тој сè слуша и сè знае!“
- Тие дури и велат: „Тоа се само збунети соништа; тој го измислува (Куранот); тој е поет; нека ни донесе некакво чудо како и претходните Пратеници!“
- Ниту еден град кој Ние пред нив сме го уништиле не поверува во чудо, па зарем овие ќе поверуваат
- И пред тебе само луѓе праќавме на коишто им објавуваме, затоа прашајте ги учените луѓе ако вие не знаете
- Ние не сме ги создале како тела кои живеат без храна, ниту пак тие беа бесмртни
- Потоа ветувањето им го исполнувавме, и нив, и тие кои сакавме, ги спасувавме, а тие што негираа ги уништувавме
- Ние ви ја објавуваме Книгата во којашто е славата ваша, па зошто не се опаметите
- А колку насилнички населби имаше кои Ние ги уништивме и по кои други народи подигнавме
- И штом силата Наша ќе ја почувствуваа, од нив ќе се разбегаа
- „Не бегајте, вратете се на уживањата ваши и на домовите ваши, можеби некој нешто ќе ве праша.“
- „Тешко нам,“ - ќе велеа - „ние, навистина, бевме насилници“
- И ќе лелекаа така сè додека не ги направевме, како жито пожнеано, неподвижни
- Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив, за забава
- Да сакавме да се забавуваме, ќе се забавувавме така како што Ни доликува, но Ние тоа не го правиме
- туку со вистината ја потиснуваме лагата, вистината ја гуши и лагата исчезнува; а тешко вам поради тоа што за Него го изнесувате
- Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! А тие176 што се кај Него не одбиваат да Му бидат покорни, и не се заморуваат
- Го слават и ноќе и дење, не се истоштуваат
- Зарем киповите, кои тие од земја ги прават, ќе ги оживеат мртвите
- Да управуваа други богови со Земјата и небесата, а не Аллах, ќе се побркаа. Па нека е возвишен Аллах, Господарот на Аршот, од тоа што Му го припишуваат
- Тој нема да биде прашан за тоа што го прави, а тие ќе бидат прашани
- Зарем покрај Него да земаат други богови?! Кажи: „Дајте го вашиот доказ!“ Овој Куран е опомена, а и претходните Книги се опомена за тие што биле пред мене. Меѓутоа, повеќето од нив не ја знаат Вистината, па се вртат
- Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: „Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!“
- Тие велат: „Семилосниот си зелдете!“ Возвишен нека е Тој! Амелеците се само робови почитувани
- Тие не зборуваат сè додека Тој не им одобри и постапуваат така како што Тој ќе им нареди
- Тој знае што правеле и што ќе прават, и тие ќе се заземаат само за тој од кого Тој ќе биде задоволен, а и тие самите, од страв кон Него, се плашат
- А ако некој од нив би рекол: „Јас сум, освен Него, бог!“, би го казниле со џехеннем, бидејќи Ние така ги казнуваме насилниците
- Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сè живо создаваме? Па зарем нема да веруваат
- Ние по Земјата неподвижни планини разместивме за таа да не ги потресува, па по нив премини и патеки направивме за тие да стигнуваат каде што сакаат
- А небото го направивме заштитен свод, а тие од Неговите знаци се вртат
- И Тој е Тој што ги создаде ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, и сите тие во вселената пловат
- И Ние ниту на еден човек пред тебе не му дадовме вечност; ако ти умреш, зарем тие довека ќе живеат
- Секое живо суштество смртта ќе ја вскуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите
- Кога неверниците ќе те здогледаат, само те исмејуваат: „Дали е тоа тој што вашите божества ги хули?“
- Човекот е создаден да брза.177 Ќе ви ги покажам Јас вам доказите Свои, затоа Не ме брзајте
- Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде тоа ветување, ако вистината ја говорите?“
- А да знаат неверниците дека тогаш нема да можат да го оттргнат Огнот од лицата свои и грбовите свои, и дека никој нема да може да им пружи помош
- туку дека ненадејно ќе им дојде и ќе ги изненади, и дека нема да можат да го спречат и дека нема време да им се даде
- И пред тебе Пратениците ги исмеваа, па тие кои им се исмејуваа ги стигна токму тоа за што се исмејуваа
- Кажи: „Кој, освен Семилосниот, ноќе и дење ќе ве штити? Никој!“ Но сепак тие од Опомената на Господарот свој се вртат
- Зарем нивните божества, а не Ние, ќе ги одбранат? Та тие самите себеси не можат да си помогнат, и никој од Нашата казна не ќе може под закрила да ги земе
- Ние на овие, а и на предците нивни, им дадовме да уживаат сè додека животите им траеја. А зарем тие не гледаат дека Ние во земјата нивна доаѓаме и дека од краевите нивни ја намалуваме, па како тие би биле победници
- Кажи: „Јас веопоменувам со Објавата!“ - но, глувите не слушаат повик кога биваат опоменувани
- А само делче од казната на Господарот твој ги допре, сигурно ќе повикаат: „Тешко нас, навистина самите на себеси неправда си сторивме!“
- Ние на Судниот ден терезиите178 на правдата ќе ги поставиме, па никому неправда нема да му биде направена: ако нешто биде тешко дури и колку зрно синап, Ние за тоа ќе казниме или ќе наградиме. А доста е тоа што Ние за сметките ќе испрашуваме
- Ние на Муса и на Харун им дадовме Фуркан179, светло и опомена за богобојазните
- за тие кои од Господарот свој ќе стравуваат и кога никој не ги гледа, и кои од Часот на оживувањето ќе стравуваат
- И ова е благословената Опомена која ја објавуваме, па зарем вие да ја негирате
- Ние уште претходно на Ибрахим разумност му дадовме и добро го познававме
- Кога тој на својот татко и на својот народ им рече: „Какви се овие кипови кои дење и ноќе ги обожувате?“
- тие одговорија: „И нашите предци ги обожуваа.“
- „И вие сте, а и предците ваши беа, во очигледна заблуда.“ - рече
- „Го зборуваш ли ти тоа сериозно или само се шегуваш?“ - запрашаа тие
- „Не,“ - рече - „Господарот ваш е Господар на небесата и на Земјата. Тој нив ги создал, и јас сум ви сведок за тоа
- Се колнам во Аллах, јас навистина на вашите кипови ќе им наштетам откако ќе се оддалечите.“
- И тој ги испокрши во парчиња, освен најголемиот, за нему да му се обратат
- „Кој им гостори ованабоговите наши?“ - повикаа тие - „Тој навистина е насилник.“
- „Чувме едно момче како зборува против нив,“ - рекоа - „името му е Ибрахим.“
- „Донесете го, луѓето да го видат,“ - рекоа - „за да посведочат.“
- „Дали ти го стори ова со боговите наши, о, Ибрахиме?“ – запрашаа
- „Тоа го стори најголемиот од нив; прашајте ги ако знаат да зборуваат.“ - рече тој
- И тие се прибраа, пасамите си рекоа: „Вие сте, навистина, насилници!“
- Потоа главите ги наведнаа и рекоа: „Ти знаеш дека тие не зборуваат!“
- „Па зошто тогаш, наместо Аллах, ги обожувате тие кои не можат да ви користат ниту од вас некаква штета да отстранат?“ - запраша тој
- „Тешко вам и на тие кои, наместо Аллах, ги обожувате! Зошто не се опаметите?“
- „Запалете го и на боговите ваши помогнете им, ако сакате тоа да го направите!“ - повикаа
- „О, огну!“ - раковме Ние - „Стани ладен и спас за Ибрахим!“
- И сакаа да му сковаат завера, но Ние ги направивме најголеми губитници
- И го спасивме и него и Лут, во земјата која за луѓето ја благословивме
- и му го подаривме Исхак, и Јакуб како внук, и сите ги направивме добри
- и ги направивме водачи за да упатуваат според заповедта Наша, и им објавивме да прават добри дела, и намаз (молитва) да извршуваат, и зекат да даваат, и само Нас нè обожуваа
- И на Лут мудрост и знаење му дадовме, и од градот, во кој жителите негови одвратни работи правеа, го изведовме, тоа навистина беше народ развратен и зол
- и во милоста Наша го внесовме; тој е навистина од добрите
- И спомни го Нух– когаво дамнешно време повика, па Мусеодѕвавме, и него и неговото семејство од голема казна ги спасивме
- и од народот, кој невистинити ги сметаше доказите Наши, го заштитивме. Тоа беа лоши луѓе, па сите ги потопивме
- И спомни ги Давуд и Сулејман, кога судеа за посевот што во ноќта нечии овци го испасле, и Ние бевме сведоци на судењето нивно
- и направивме Сулејман да проникне во тоа, а на двајцата мудрост и знаење им дадовме. И ги потчинивме планините и птиците за со Давуд, на Аллах да Му заблагодаруваат: Ние бевме кадарни тоа да го направиме
- И го научивме да изработува панцири за вас, за да ве штитат во борбата со непријателот, па зошто не сте благодарни
- А на Сулејман, силен ветер му потчинивме, по негова заповед дуваше кон земјата која ја благословивме; а Ние сè добро знаеме
- и шејтани некои, заради него да нуркаат, а правеа и други работи, и над нив Ние бдеевме
- И на Ејјуб, кога Господарот свој Го повика: „Мене неволја ме снајде, а Ти си од милостивите, Најмилостивиот“
- му се одѕвавме и неволјата која го снајде му ја тргнавме, и му го вративме, со милоста Наша, семејството негово, и со нив уште толку, и да им биде поука на тие што Нам ни се покорни
- И спомни ги Исмаил и Идрис и Зулкифл180, а сите тие беа трпеливи
- И ги внесовме во милоста Наша, тие навистина беа меѓу добрите
- И спомни го Зуннун181, кога гневен отиде и помисли дека нема да го усмртиме, па потоа во темнините тажно замоли: „Нема бог освен Тебе, Славен си! Јас, навистина, бев од тие што си сторија насилство!“
- Па му се одѕвавме и од тешкотијата го спасивме; ета така Ние ги спасуваме верниците
- И (спомни го) Зекеријја, кога Го повика Господарот свој: „Господару мој, не оставај ме сам, а Ти си Најдобриот Наследник!“ Па ние му се одѕвавме и му го подаривме Јахја и му ја излечивме жената
- Тие се трудеа што повеќе добри дела да направат и Ни се молеа и во надеж и во страв, и кон Нас беа понизни
- А (спомни ја) и таа182 што ја сочува девственоста своја, во неа живот вдахнавме, и неа и синот нејзин доказ за светот ги направивме
- Навистина оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па Мене обожувајте Ме
- И тие меѓу себе во верата се разделија, а сите Нам ќе ни се вратат
- Кој ќе прави добри дела, а при тоа ќе биде и верник, трудот нема да му биде лишен од награда, бидејќи Ние сигурно сме го забележале
- А не е допуштено жителите на кој било град, кој Ние сме го уништиле, да се вратат
- И кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога низ сите стрмнини итајќи ќе се спуштаат
- и ќе се приближи Вистинската закана, тогаш погледите на неверниците ќе се вкочанат. „Тешко нас, ние кон ова рамнодушни бевме, ние самите себеси неправда си сторивме!“
- И вие и тие кои, покрај Аллах, ги обожувате, ќе бидат гориво во џехеннемот, а во него навистина ќе влезете
- Тие да се богови, не би влегле во него, и сите во него вечно ќе престојуваат
- Во него пригушено ќе издишуваат, во него ништо радосно нема да чујат
- А на тие на кои уште претходно убава награда им ветивме, тие од него далеку ќе бидат
- Бучењето негово нема да го чујат, и вечно во тоа што душите им го посакуваат ќе уживаат
- нема да ги загрижува најголемиот ужас, туку мелеците ќе ги дочекаат: „Еве, ова е вашиот Ден, ветен на вас!“
- Тој Ден, кога ќе ги свиткаме небесата како што се свиткува лист хартија, така како што првиот патод ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме
- Ние во Зебурот, по Опомената, напишавме дека Земјата Моите добри робови ќе ја наследат
- Во ова, навистина, има порака за луѓето кои го обожуваат Аллах
- а тебе само како милост на световите те пративме
- Кажи: „Мене ми се објавува дека вашиот Бог е Еден Бог, па само Нему бидете Му предани!“
- А ако тие се свртат, ти кажи: „Јас сите вас, без разлика, ве опоменав, а не знам дали е блиску или далеку Тоа што ви се ветува
- Тој ги знае гласно изговорените зборови, го знае и тоа што го криете
- а јас не знам да не ви е тоа искушение и пружање уживање уште за извесно време
- Господару мој, пресуди така како што заслужиле!“ - рече тој - „А Господарот наш, Семилосниот, е Тој кај Кого треба да се бара помош против тоа што вие го изнесувате.“