23.The Believers
- Успешни се верниците
- Tие кои во своите намази (молитви) се понизни
- и кои лошиот говор го одбегнуваат
- и кои зекат даваат
- и кои срамните места свои ги чуваат
- освен оджените свои или тие коисе нивна сопственост, тие навистина прекор не заслужуваат
- а тие што и покрај тоа бараат, тие во злото сосема претеруваат
- и кои за доверените аманети и обврски свои се грижат
- и кои намазите (молитвите) свои на време ги извршуваат
- тие се достојни наследници
- кои Фирдеусот ќе го наследат, тие во него вечно ќе престојуваат
- Ние навистина човекот од екстракт од глина го создадовме
- потоа како капка семе на безбедно место го ставивме
- потоа капката семе грутка крв ја направивме, потоа од грутката крв парче месо создадовме, па од парчето месо коски направивме, а потоа коските со месо ги обвиткавме, и потоа, како друго создание, го оживуваме, па нека е возвишен Аллах, Најубавиот Создател
- Вие, потоа, ќе умрете
- потоа, на оној свет, оживени ќе бидете
- Ние седум небеса над вас создадовме, и Ние не сме немарни кон тоа што го создадовме
- Ние од небото со мерка дожд спуштаме, и во земјата го задржуваме – а способни сме и да го тргнеме
- и со негова помош градини од палми и винова лоза за вас подигаме – во нив многу овошја имате, и вие го јадете
- и дрвото кое на Синајската гора расте, кое масло дава, и зачин е за тие што го јадат
- И добитокот ви е поука: Ние ви даваме да пиете од тоа што се наоѓа во утробите нивни, и вие од нив многу користи имате и вие од нив се храните
- и на нив, и на бродовите се возите
- Ние го испративме Нух на народот негов, и тој велеше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите
- Но главешините на народот негов, кои не веруваа, велеа: „Ова е човек како и вие, само сака да е поугледен од вас. Да сакаше Аллах, мелеци ќе испратеше; вакво нешто не сме чуле од нашите дамнешни предци
- тој е луд човек, па пуштете го некое време!“
- „Господару мој,“ - рече тој - „помогни ми, тие за лага ме обвинуваат!“
- Па Ние му објавивме: „Брод, пред очите Наши и според објавата Наша, гради, па кога заповедта Наша ќе дојде и водата на површината земјата ќе избие, ти во неа натовари од секој вид по два, мажјак и женка, и семејството свое, но не и тие од нив за кои претходеше Зборот, и не Ми се обраќај за насилниците, бидејќи навистина ќе бидат потопени
- Па кога ќе се сместиш во бродот, ти и тие што се со тебе, кажи: „Му благодарам на Аллах, Кој нè спаси од народот насилнички!“
- И кажи: „Господару мој, закотви ме на благословено место, Ти тоа најдобро го знаеш!“
- Во тоасе, навистина, поуки, а Ние, навистина, стававмевоискушение
- По нив други поколенија создававме
- и еден од нив како Пратеник им го испративме: „Само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате; зарем не се плашите?“
- Но главешините од народот негов, кои не веруваа, кои негираа дека на оној свет ќе бидат оживеани и на кои им дадовме во животот на овој свет раскошно да живеат, говореа: „Тој е човек како и вие; го јаде тоа што и вие го јадете, и го пие тоа што и вие го пиете
- и ако му се покорувате на човек како што сте и вие, сигурно ќе бидете изгубени
- Зарем тој вам да ви ветува, дека откако ќе умрете и земја и коски ќе станете, навистина оживеани ќе бидете
- Далеку е, далеку е тоа што ви се ветува
- Постои само животот на овој свет, ние живееме и умираме, а оживеани нема да бидеме
- Тој е човек кој за Аллах изнесува лаги, и ние не му веруваме.“
- „Гоподару мој,“ - ќе замолеше тој - „помогни ми, тие за лага ме обвинуваат!“
- „Тие наскоро ќе се покајат!“ - ќе одговореше Тој
- и заслужено ќе ги погодеше страшен глас, и Ние ќе ги направевме како што е речниот нанос, па далеку нека е народот насилнички
- А потоа, по нив, други поколенија создававме
- ниту еден народ не може да го забрза ниту да го успори времето на пропаста своја
- и Пратеници, едни по други праќавме. Кога и да им дојдеше Пратеникот на некој народ, за лага го обвинуваа, и Ние поради тоа едни со други ги сменувавме, и само во приказните за нив споменот го сочувавме, далеку нека се луѓето што не веруваа
- Потоа го пративме Муса и брат му Харун со знаците Наши и со очигледен доказ
- на Фараонот и главешините негови, но тие се возгордеаја, тоа беа луѓе надмени
- „Зарем да им поверуваме на двајцата кои се исти како и ние, а луѓето нивни се робови наши?“ – говореа
- и нив двајца за лажговци ги прогласија, па поради тоа беа уништени
- На Муса потоа Книга му дадовме, за синовите Израилови по Вистинскиот пат да одат
- И синот Мерјемин и мајката негова доказ (за луѓето) ги сторивме. Ние нив на една височинка со проточна вода ги сместивме
- О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите
- Оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па плашете се од Мене
- А тие по прашањата од верата своја се разделија на групи, секоја група радосна со тоа што го исповеда
- затоа остави ги овие во заблудата нивна уште некое време
- Мислат ли тие – кога со имот и со синови им помагаме
- дека брзаме некое добро дело да им направиме? Никако, но тие не забележуваат
- Тие кои со стравопочит од Господарот свој стравуваат
- и тие кои во доказите на Господарот свој веруваат
- и тие кои здруженици на Господарот свој не Му припишуваат
- и тие кои даваат од тоа што им се дава, а срцата им се полни од страв затоа што ќе Му се вратат на својот Господар
- тие итаат да прават добри дела, и во нив другите ги надминуваат
- Ние никого не оптоваруваме преку неговите можности; кај Нас е Книгата која вистината ја говори, и на никого неправда нема да му се стори
- Но, срцата нивни се невнимателни кон ова, а покрај тоа и лоши дела постојано прават
- А кога на мака ги ставивме тие од нив кои раскошен живот живееја, тие веднаш се жалеа
- Сега не жалете се, Ние нема помош да ви укажеме
- ајетите Мои вам ви се кажувани, но вие се оттргнувавте
- гордеејќи сесо Храмот исостанувајќи се, вие лоши зборови говоревте
- Зошто тие не размислат за Куранот? Зарем им доаѓа нешто што не им доаѓало на нивните древни предци
- Или не го познаваат Пратеникот свој, па затоа го негираат
- Или велат: „Лудилото е при него!“ Меѓутоа, тој Вистината им ја донесува, но повеќето од нив Вистината ја презираат
- Да се води Аллах според нивните страсти, сигурно ќе го снемаше поредокот на небесата и на Земјата и во тоа што е на нив; Ние им го дадовме Куранот, славата нивна, но тие за славата нивна не внимаваат
- Или бараш награда од нив? Та наградата од Господарот твој е подобра, Тој е најдобриот Снабдувач
- Ти нив ги повикуваш на Вистинскиот пат
- но тие кои во оној свет не сакаат да веруваат, навистина, од Вистинскиот пат скршнуваат
- И кога би им се смилувале и од неволјата би ги ослободиле, повторно во заблудата своја тие подеднакво би талкале
- Ние на мака ги стававме, но тие на Господарот свој не Му се покорија, ниту молитви упатуваа
- дури кога портите на тешкото страдање ќе ги отвориме, тие надежта ќе ја изгубат и во очај ќе паднат
- Тој ви дава слух, и вид и памет, а колку малку вие заблагодарувате
- Тој на Земјата ве создава, и пред Него ќе се соберете
- Тој живот и смрт дава и само од Него зависи менувањето на ноќта и денот, па зошто не сфатите
- Но, тие зборуваат како што зборуваа тие пред нив
- Велеа: „Зарем кога ќе испоумираме и кога прав и коски ќе станеме, зарем навистина оживеани ќе бидеме
- И нам и одамна на предците наши тоа ни е ветувано, но, тоа се само измислици на древните народи
- Запрашај: „Чија е Земјата и сето тоа што е на неа, знаете ли?“
- „На Аллах!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш не доаѓате при себе?“
- Запрашај: „Кој е Господарот на седумте небеса и кој е Господарот на Аршот величествен
- „Аллах!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите?“
- Запрашај: „Во чија рака е власта над сè, а Тој зема во заштита, и од кого никој не може да биде заштитен, знаете ли
- „Тоа е Аллахово!“ - ќе одговорат, а ти кажи: „Па зошто тогаш дозволувате да бидете заведени?“
- Да, Ние вистината им ја доставуваме, а тие се навистина лажговци
- Аллах не си зел Себеси син, и со Него нема друг бог! Инаку, секој бог, со тоа што го создал ќе правел што сака, и еден со друг ќе се победувале. – Возвишен нека е Аллах Кој е далеку од тоа што тие го изнесуваат
- Кој го знае и невидливиот и видливиот свет, и Тој е многу високо над тие кои Му ги здружуваат
- Кажи: „Господару мој, ако сакаш да ми го покажеш тоа со што на нив им се заканува
- тогаш, Господару мој, не оставај ме со народот насилнички!“
- А Ние, навистина можеме да ти го покажеме тоа со што им се закануваме
- Ти со добро возврати му на злото, Ние добро знаеме што изнесуваат тие
- и кажи: „Јас Тебе, Господару мој, Ти се обраќам за заштита од шејтанските дошепнувања
- и Тебе, Господару мој, Ти се обраќам да ме заштитиш од нивното присуство.“
- Кога на некој од нив смртта ќе му дојде, тој извикува: „Господару мој, поврати ме
- да направам некакво добро во тоа што го оставив!“ – Никогаш! Тоа се зборови кои тој залудно ќе ги говори – пред нив препрека ќе има сè до Денот кога ќе бидат оживеани
- Па кога во Рогот ќе се дувне, тогаш роднински врски меѓу нив нема да има и меѓусебно нема ништо да се прашаат
- Тие чиишто добри дела ќе бидат потешки, тие ќе се спасат
- а тие чиишто добри дела ќе бидат лесни, тие сосема ќе бидат изгубени, во џехеннемот вечно ќе престојуваат
- Огнот лицата ќе им ги гори и со исклештени заби во него ќе бидат
- Зарем Моите ајети не ви се кажувани, а вие ги негиравте
- „Господару наш,“ - ќе речат - „нашите страсти беа посилни од нас, па станавме заталкан народ
- Господару наш, извади нè од неа; ако повторно зло направиме, ќе бидеме насилници.“
- „Останете во неа понижени, и ништо не Ми зборувајте!“ - ќе рече Тој
- Кога некои робови Мои велеа: „Господару мој, ние веруваме, затоа прости ни и смилувај ни се, бидејќи Ти си Најмилостивиот!“
- Вие толку им се исмејувавте, што поради тоа на Мене заборавивте исекогаш им се исмејувавте
- Нив денес Јас ги наградив за тоа што трпеа, тие навистина успеаја
- „А колку години поминавте на Земјата?“ - ќе запраша Тој
- „Поминавме само ден или само дел од денот,“ - ќе одговорат - „прашај ги тие што броеја.“
- „Па да, кратко поминавте,“ - ќе рече Тој - „само да знаевте!“
- „Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?“
- И нека е Возвишен Аллах, Вистинскиот Владетел, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен
- А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат
- и кажи: „Господару мој, прости и смилувај ми се, Ти си најдобриот Семилосник