25.The Criterion
- Благословен нека е Тој што на робот Свој му го објавува Фурканот (Куранот) за да им биде опоменувач на световите
- Тој на Кого Му припаѓа власта на небесата и на Земјата, Кој нема дете, Кој во власта нема здруженик и Кој создаде сè и како што треба го уреди
- А тие покрај Него зеле божества кои ништо не создаваат, кои и самите се создадени, кои не се во состојба од себе некаква штета да отстранат ниту некаква корист да сторат, и кои немаат моќ живот да одземат, живот да дадат и да оживеат
- Тие што не веруваат, велат: „Ова не е ништо друго, туку голема лага која тој ја измислува, а во тоа и други луѓе му помагаат.“ – и прават неправда и клевета
- и велат: „Тоа се измислици на древните народи, кои тој ги препишал, па му се читаат наутро и навечер
- Кажи: „Го објавува Тој на Кого Му се познати тајните на небесата и на Земјата; Тој многу простува и Милостив е.“
- И тие велат: „Што му е на овој Пратеник, тој храна јаде и по чаршиите оди; зошто не му е испратен мелек заедно со него да биде опоменувач
- или да му се спушти некакво богатство или да има градина од која би се хранел?“ И насилниците уште велат: „Вие следите маѓепсан човек!“
- Погледни што зборуваат за тебе, па тогаш талкаат и Вистинскиот пат не можат да го најдат
- Благословен е Тој што, ако сака, може да ти даде подобро од тоа: градини низ кои реки течат и дворци
- Тие, дури, и Часот на оживување го негираат, а Ние за тие кои Часот на оживување го негираат, разгорен Оган подготвивме
- Кога ќе ги види од далечина, ќе слушнат како гневен врие и од бес грми
- а кога ќе бидат фрлени во него, во теснец, со врзани раце, пропаста таму ќе ја довикуваат
- Не довикувајте денес само една пропаст, туку довикувајте многу пропасти
- Кажи: „Дали е подобро тоа или вечниот џеннет, кој им е ветен на тие што од Аллах ќе се плашат. Тој награда и живеалиште ќе им биде
- Во него сè што ќе посакаат ќе имаат вечно; тоа е ветување на Господарот твој – тие ќе имаат право да го бараат тоа од Него.“
- Ана Денот кога Тој ќе ги собере, аи тие коипокрај Аллах ги обожувале, па ќе ги запраша: „Дали вие овие Мои робови во заблуда ги заведовте, или тие самите од Вистинскиот пат заталкаа?“
- тие ќе речат: „Возвишен нека си Ти, незамисливо е дека ние покрај Тебе некакви заштитници сме зеле, туку, Ти на овие и на нивните предци си им дал да уживаат, па заборавиле да се сеќаваат на Тебе; тие пропаста ја заслужиле!“
- Тие ќе го негираат тоа што вие го велите, а вие нема да бидете во можност мачењето да го отстраните, ниту помош да најдете. А на тој од вас што сторил насилство, ќе му дадеме големо страдање да искуси
- Ние пред тебе не сме испратиле ниту еден Пратеник кој не јадел и кој по чаршиите не одел. Ние правиме едни со други во искушение да се доведувате, па да видиме дали ќе бидете трпеливи! А Господарот твој гледа сè
- И тие што не се надеваат на средба со Нас, велат: „Зошто не ни се испратат мелеци или зошто Господарот свој не Го гледаме?“ Тие се навистина во душите свои горделиви, а во неправдата сите граници ги преминаа
- Тој Ден кога ќе ги здогледаат мелеците, тогаш нема да има радост за злосторниците. И мелеците ќе говорат: „Вам ви е целосно забранет џеннетот.“
- И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме
- Жителите на џеннетот тој ден најдобро живеалиште и најубаво одморалиште ќе имаат
- А на Денот кога небото ќе се расцепи и од него облак ќе се појави и кога мелеците сигурно ќе се спуштат
- тој Ден вистинската власт ќе биде само кај Семилосниот, а тоа ќе биде мачен ден за неверниците
- На Денот кога насилникот прстите свои ќе ги гризе, говорејќи: „Камо среќа со Пратеникот на Вистинскиот пат да се придржував
- Камо среќа, тешко мене, тој и тој за пријател да не го земев
- Тој од Опомената меодврати, откако ми беше прикажан!“ – ашејтанот секогаш човекот го остава на цедило
- Пратеникот рече: „Господару мој, народот мој Куранот го избегнува!“
- Ние исто така дадовме злосторниците да му бидат непријатели на секој веровесник. А тебе Господарот твој ти е доволен како упатувач и помагач
- Тие што не веруваат, велат: „Зошто Куранот не му е објавен целиот одеднаш?“ А така се објавува за со него срцето твое да го зацврстиме, и Ние го објавуваме постепено
- Тие нема ниту еден приговор да ти дадат, а Ние да нема одговор и најубаво објаснување да наведеме
- Тие што ќе бидат влечени на своите лица во џехеннемот, ќе бидат во најлоша положба и најдалеку ќе заталкаат
- Ние на Муса Книга му дадовме и брат му Харун помошник му го направивме
- и рековме: „Отидете вие двајца кај народот кој доказите Наши ги негира.“ – и потоа тој народ потполно го уништивме
- А и Нуховиот народ, кога Пратениците за лага ги обвинуваа, го потопивме и на луѓето како поучен пример го направивме, а на насилниците страдање болно им подготвивме
- И на Ад и на Семуд и на жителите на Ресс, и на многу народи помеѓу нив
- на сите примери за поука им наведувавме, и потоа сè сосема уништивме
- А тие поминуваат низ градот на кој се срушил кобен дожд – зарем не го гледаат?! – но сепак не го очекуваат проживувањето
- Кога ќе те видат, те исмејуваат: „Дали е ова тој што Аллах го испратил како Пратеник
- За малку од божествата наши да нè одврати, но ние верни им останавме.“ А кога ќе доживеат страдање, ќе дознаат кој далеку од Вистинскиот пат заталкал
- Кажи Ми ти Мене, дали ќе му бидеш чувар на тој што страста за свој бог ја зел
- Мислиш ли дека повеќето од нив сакаат да слушнат или дека настојуваат да сфатат? Тие се како добиток, дури и подалеку од Вистинскиот пат заталкале
- Зарем не гледаш како Господарот твој сенката ја издолжува – а да сака, ќе ја стави да мирува. А потоа направивме Сонцето да ја води
- А потоа малку по малку кон Себеси ја привлекуваме
- Тој ноќта ви ја направи покривка, сонот ви го направи одмор, а денот за движење
- И Тој ги испраќа ветровите како радосна вест, како претходници на Милоста Своја; и Ние од небото чиста вода спуштаме
- за со неа веќе мртвиот предел да го оживееме и мноштвото добиток и мноштвото луѓе, кои ги создадовме, да ги напоиме
- А дождот Ние го расподелуваме меѓу нив за да размислат, а повеќето луѓе одбиваат сè освен неверувањето и неблагодарноста
- Да сакаме, во секој град ќе испратевме некого да опоменува
- затоа не отстапувај им на неверниците и со Куранот бори се против нив со голема борба
- Тој две мориња едно покрај друго остави: едното питко и слатко, другото солено и горко, а меѓу нив преграда и невидлива брана постави
- Тој од водата ги создава луѓето и прави да се роднини по крв и по сватовштина. Господарот твој е моќен за сè
- Наместо Аллах, тие ги обожуваат тие што не се во состојба никаква корист да остварат ниту од нив некаква штета да отстранат. Неверникот е шејтанов помагач против Неговиот Господар
- А Ние тебе те испративме само радосни вести да носиш и да опоменуваш
- Кажи: „За ова од вас не барам никаква награда, освен, тој што сака, да појде по Патот кој води до неговиот Господар
- Ти потпри се на Живиот, Кој не може да умре, и величај Го и заблагодарувај Му! А доволно е тоа што гревовите на робовите Свои добро ги знае
- Тој штозашест временски периоди небесатаи Земјата итоаштоемеѓу нив ги создаде, и тогаш над Аршот се возвиши. Тој е Семилосниот, и за Него прашај го тој што знае
- А кога ќе им се каже: „Поклонете му се на сеџда на Семилосниот!“ - тие прашуваат: „А кој е Семилосниот? Зарем да се поклонуваме на сеџда само поради тоа што ти ни наредуваш?“ И уште повеќе се отуѓуваат
- Благословен нека е Тој што на небото големи ѕвезди создаде и на него Светилка даде и Месечина осветлена
- Тој прави ноќта и денот да се менуваат, тоа е поука за тој што сака да размисли или сака да биде благодарен
- А робови на Семилосниот се тие кои по Земјата мирно одат, а кога незналците ќе им се обратат, одговараат: „Мир!“
- и тие кои ги поминуваат ноќите пред Господарот свој поклонувајќи Му се на сеџда и стоејќи
- и тие кои велат: „Господару наш, поштеди нè од страдањето во џехеннемот затоа што страдањето во него е навистина неминовна пропаст
- тој е лошо престојувалиште и живеалиште
- и тие кои, кога даваат, не се расфрлаат и не се скржави, туку при тоа се држат до средината
- и тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната
- страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во неа вечно понижен ќе остане
- освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е
- А тој што ќе се покае и добри дела ќе прави, тој, навистина, на Аллах искрено Му се вратил
- и тие кои не присуствуваат при лагата и неделата, и кои додека поминуваат покрај безделништвото, поминуваат достоинствено
- и тие кои кога ќе бидат опоменати со доказите на Господарот свој, ни глуви ни слепи не остануваат
- и тие кои велат: „Господару наш, подари ни во жените наши и во децата наши радост, и направи нè предводници на богобојазните!“
- Тие, поради тоа што го трпеа, со одаи џеннетски ќе бидат наградени и во нив со поздрав и благослов ќе бидат дочекувани
- Во нив вечно ќе останат, а какво прекрасно престојувалиште и живеалиште се тие
- Кажи: „Аллах не би ви подарил внимание да не е вашето обожување. Вие негиравте, и неминовно ве чека страдањето