26.The Poets
- Та-син-мим
- Ова се ајети од Книгата јасна
- Зарем ќе се уништиш себеси затоа што тие не сакаат да станат верници
- Кога би сакале, Ние од небото еден знак би им пратиле пред кој тие своите глави би ги наведнале
- И ним не им доаѓа ниту една нова опомена од Семилосниот, а од неа да не се свртат
- И тие негираат, а ќе им дојдат вести за тоа за што се исмејуваа
- Зарем тие негледаат како правиме одземјата да никнуваат разновидни благородни растенија
- Навистина во тоа има Знак, но повеќето од нив не веруваат
- а Господарот твој навистина е Силен и Милостив
- А кога Господарот твој го повика Муса: „Оди кај народот насилнички
- народот на фараонот за да се исплаши од Аллах“
- тој рече: „Господару мој, се плашам тие да не ме обвинат за лага
- Да не ми стане тешко во душата и јазикот да не ми се сплетка; па подај му пратеништво и на Харун, за да ми помогне
- а тие за мене обвинение за злодело имаат, па се плашам да не ме убијат“
- „Нема!“ - рече тој. - „Одете двајцата со доказите Наши, Ние со вас ќе бидеме и ќе слушаме
- Одете кај фараонот и кажете: „Ние сме Пратеници од Господарот на световите
- Дозволи им на синовите Израилови да појдат со нас!“
- „Зарем не те одгледавме додека беше дете и зарем толку години од својот живот не помина меѓу нас?“ - рече фараонот
- „и ти го стори неделото кое го стори и згора на тоа си неблагодарен?!“
- „Јас тогаш тоа го сторив, а бев во заблуда“ - рече
- „а од вас избегав затоа што од вас се плашев, па Господарот мој мудрост ми подари и Пратеник ме направи
- А за добродетелството за кое ми го префрлаш – да не е тоа што синовите Израилови робови ги направи?“
- „А кој е Господарот на световите?“ - запраша фараонот
- „Господарот на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив, ако цврсто верувате“ - одоговори тој
- „Слушате ли?“ - им рече фараонот на тие околу себе
- „Господарот ваши Господарот навашите дамнешни предци“ - рече Муса
- „Пратеникот кој ви е испратен, навистина е луд“ - рече фараонот
- „Господарот на истокот и на западот и на тоа што е меѓу нив, ако разбирате“ - рече Муса
- А фараонот рече: „Ако, освен мене, признаеш некој друг за бог, сигурно во зандана ќе те фрлам!“
- „Зарем и тогаш кога нешто очигледно ќе ти донесам?“ - запраша тој
- „Па дај го, ако Вистината ја говориш!“ - рече фараонот
- И Муса го фрли својот стап, кога тој - вистинска змија
- И раката своја ја извлече, кога таа, за тие што ја гледаа – бела
- „Тој е навистина вешт маѓепсник“, - им рече фараонот на главешините околу себе
- „сака со својата маѓија од земјата ваша да ве изведе. Па што советувате?’
- „Остави ги него и брат му,“ - рекоа - „а во градовите испрати собирачи
- сите вешти меѓепсници ќе ти ги донесат!“
- И маѓепсниците во одреденото време и во означениот ден се собраа
- а на народот му беше кажано: „Сакате ли да се соберете
- да бидеме со маѓепсниците, ако тие бидат победници?“
- А кога дојдоа, маѓепсниците го запрашаа фараонот: „Дали за нас, навистина, ќе има награда ако бидеме победници?“
- „Да,“ - одговори тој - „и тогаш сигурно ќе ми бидете најблиски“
- Муса им рече: „Фрлете го тоа што сакате да го фрлите!“
- И тие ги фрлија јажињата свои и стаповите свои, и рекоа: „Со моќта на фараонот, ние секако ќе победиме!“
- Потоа Муса го фрли својот стап, кој одеднаш го проголта тоа што тие лажно го изведоа
- Волшебниците тогаш, поклонувајќи се, на земја се фрлија
- и рекоа: „Ние веруваме во Господарот на световите
- Господарот на Муса и на Харун
- „Зарем му поверувавте нему пред јас да ви дозволам?!“ - извика фараонот. „Тој е вашиот учител, тој ве научил на маѓепсништвото – а вие ќе запомните: ќе ви ги исечам вашите нозе и раце накрст и сите ќе ве распнам
- „Ништо страшно!“ - рекоа тие - „ние на Господарот свој ќе Мусе вратиме
- Ние се надеваме дека Господарот наш гревовите ќе ни ги прости затоа што сме вистински верници.“
- И Ние му објавивме на Муса: „Тргни во ноќта со робовите Мои, но ќе бидете гонети.“
- И фараонот по градовите испрати собирачи
- „Овие се, навистина, мала група
- и тие, навистина, нè разгневуваат
- а сите ние сме внимателни!“
- И Ние ги изведовме од градините и реките
- од ризниците и од дворците восхитувачки
- Ете, така беше, и Ние дадовме тоа да го наследат синовите Израилови
- И тие, кога сонцето изгреваше, ги стигнаа
- и кога едни со други се видоа, другарите на Муса повикаа: „Навистина нè стигнаа!“
- „Нема,“ - рече тој - „Господарот мој е со мене, Тој патот ќе ми го покаже“
- И Ние му објавиме на Муса: „Удри со стапот свој по морето!“ - и тоа се раздели и секоја негова страна беше како голема планина
- и Ние тогаш другите таму ги приближивме
- а Муса и сите што беа со него ги спасивме
- потоа тие другите ги потопивме
- Тоа е навистина поука, и повеќето од нив не беа верници
- а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
- И кажи им ја веста за Ибрахим
- кога таткото свој и народот свој ги запраша: „Што обожувате вие?“
- а тие одговорија: „Ги обожуваме киповите и везден им се молиме“
- Тој им рече: „Дали тие ве слушаат кога им се молите
- или дали можат да ви користат или наштетат?“
- „Не“ - одговорија - „но ние запомнивме дека предците наши така постапуваа“
- „А дали гледате“ - запраша тој - „дека тие кои вие ги обожувате
- и кои ги обожувале предците ваши
- се, навистина, мои непријатели? Освен Господарот на световите
- Кој ме создаде и на Вистинскиот пат ме упати
- и Кој ме храни и пои
- и Кој, кога ќе се разболам, ме лечи
- и Кој животот ќе ми го одземе, и Кој потоа ќе ме оживее
- и Кој, копнеам за тоа, грешките мои на Судниот ден ќе ми ги прости
- Господару мој, подари ми мудрост и придружи ме кон добрите
- и направи по добро да ме спомнуваат тие што по мене ќе дојдат
- и направи ме еден од тие кој џеннетските благодати ќе ги наследи
- и на татко ми прости му, тој е еден од заталканите
- и не посрамотувај ме на Денот кога луѓето ќе бидат оживеани
- на Денот кога никакво богатство, а ни синовите, нема од корист да бидат
- само тој што кај Аллах со чисто срце ќе дојде, спасен ќе биде.“
- И џеннетот на богобојазните ќе им се приближи
- а џехеннемот на заталканите ќе им се укаже
- и ќе им се каже: „Каде се тие што ги обожувавте
- освен Аллах? Можат ли тие да ви помогнат, а можат ли и себеси да си помогнат?“
- па тие и тие кои во заблуда ги донеле во него ќе бидат фрлени
- и војските на Иблис – сите заедно
- и тие, карајќи се во него, ќе зборуваат
- „Се колнеме во Аллах, навистина бевме во очигледна заблуда
- кога со Господарот на световите ве изедначувавме
- а на лошиот пат не заведоа само злосторниците
- па немаме ни заземач
- ни близок пријател
- ние само да се вратиме, па да станеме верници!“
- Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
- а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
- И народот на Нух ги сметаше Пратениците за лажни
- Кога братот нивен, Нух, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
- Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
- затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
- За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
- Затоа плашете се од Аллах и бидете ми послушни!“
- Тие рекоа: „Како да те послушаме кога најниската класа на луѓе те следи?“
- „Јас не знам што прават тие,“ - рече тој
- „сите пред Господарот мој, да знаете, сметка ќе полагаат
- а јас верниците нема да ги избркам
- јас само јавно опоменувам.“
- „Ако не престанеш, о, Нух,“ - рекоа тие - „сигурно ќе бидеш каменуван!“
- „Господару мој,“ - рече тој - „народот мој за лага ме обвинува
- па Ти мене и ним пресуди ни, а мене и верниците кои се со мене, спаси нè!“
- И Ние него и тие што беа со него, во натоварен брод ги спасивме
- а останатите ги потопивме
- Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
- а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
- И Ад ги сметаше Пратениците за лажни
- Кога братот нивен, Худ, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
- Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
- затоа, плаешете се од Аллах и бидете ми послушни
- За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
- Зошто на секоја височинка, забавувајќи се, палати ѕидате
- и градите тврдини како вечно да ќе живеете
- а кога казнувате, казнувате како насилници
- Плашете се од Аллах и бидете ми послушни
- Плашете се од Тој што ви го дарува тоа што го знаете
- ви дарува добиток и синови
- и градини и извори
- Јас, навистина, се плашам за вас од страдањето на Големиот ден.“
- Тие рекоа: „Нам ни е сеедно ако нè советуваш или не нè советуваш
- вака веруваа древните народи
- и ние нема да бидеме измачувани.“
- И тие продолжија за лага да го обвинуваат, па Ние ги уништивме. Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
- а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
- И Семуд ги сметаше Пратениците за лажни
- Кога братот нивен, Салих, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
- Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
- затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
- За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
- Зарем мислите дека тука ќе бидете оставени безбедни
- во градините и меѓу изворите
- во посевите и меѓу палмите со плодовите зрели
- Вие во планините многу вешто куќи клесате
- затоа плашете се од Аллах и бидете ми послушни
- и не слушајте ги наредбите на тие што во злото претеруваат
- кои на Земјата ред не воспоставуваат, туку неред.“
- Тие рекоа: „Ти си само маѓепсан
- ти си човек како и ние; затоа донеси едно чудо ако е Вистина тоа што го зборуваш!“
- „Еве, тоа е камила,“ - рече тој - „еден ден таа ќе пие, а во другиот ден вие
- и не правете ѝ никакво зло за да не ве стигне страдањето на Големиот ден!“
- Но, тие ја заклаа и потоа се покајаа
- и ги стигна казната! Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
- а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
- И Лутовиот народ ги сметаше Пратениците за лажни
- Кога братот нивен, Лут, им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
- Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
- затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
- За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
- Зошто вие, покрај целиот свет, имате односи со мажи
- а жените свои, кои за вас Господарот ваш ги создал, ги оставате? Вие сте луѓе кои секоја граница на злото ја преминувате“
- Тие рекоа: „Ако не престанеш, о, Лут, сигурно ќе бидеш протеран!“
- „Јас се згрозувам од тоа што вие го правите!“ - рече тој
- „Господару мој, сочувај ме мене и семејството мое, од казната за тоа што тие го прават!“
- И Ние го сочувавме него и семејството негово – сите
- освен старицата, која остана со тие што казната ја искусија
- а потоа останатите ги уништивме
- спуштајќи врз нив дожд, а страшен ли дожд за тие што беа предупредени
- Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
- а Господарот твој е навистина Силен и Милостив
- И жителите на Ејка ги сметаа Пратениците за лажни
- Кога Шуајб им рече: „Како тоа да не се плашите од Аллах
- Јас сум ви, сигурно, поверлив Пратеник
- затоа, плашете се од Аллах и бидете ми послушни
- За ова од вас не барам никаква награда, мене Господарот на световите ќе ме награди
- На литарот правилно мерете и не скусувајте
- и на вагата со исправна мерка мерете
- и на луѓето правата нивни не им ги намалувајте и безредие по Земјата не правете
- и плашете се од Тој што ве создаде и вас и народите дамнешни
- Тие рекоа: „Ти си само маѓепсан
- и ти си само човек како и ние; за нас ти си вистински лажливец
- затоа спушти врз нас парче од небото, ако Вистината ја зборуваш
- „Господарот мој добро знае што правите вие.“ - рече тој
- И тие продолжија да го обвнинуваат за лага, па ги стигна казна од темниот облак; а тоа беше ден на големата казна
- Тоа е поука, но повеќето од нив се неверници
- а Господарот твој, е навистина Силен и Милостив
- И Куранот сигурно е објава од Господарот на световите
- поверливиот Џибрил го донесува
- на срцето твое, за да опоменуваш
- на јасен арапски јазик
- Тој е спомнат во книгите на претходните Пратеници
- зарем на овие не им е доказ тоа што за него знаат учените луѓе на синовите Израилови
- А да го објавуваме и на некој неарап
- па тој да им го чита, повторно во него не би поверувале
- Ете така, Ние во срцата на грешниците внесуваме
- тие во него нема да веруваат сè додека не го видат неиздржливото страдање
- кое одеднаш ќе им дојде, кога најмалку ќе го очекуваат
- па ќе речат: „Ќе ни се даде ли малку време?“
- Па зарем тие казната Наша ја избрзуваат
- Што мислиш, ако Ние им дозволиме со години да уживаат
- и на крајот ги снајде заканата
- зарем ќе имаат нешто од слаткиот живот кој го поминувале
- Ние ниту еден град не разурнавме, пред да им дојдат тие што ги опоменувале
- за да примат поука; Ние не бевме неправедни
- Куранот не го донесуваат шејтани
- незамисливо е тие да го прават тоа; тие не се способни за тоа
- тие никако не можат да го прислушкуваат
- Затоа, покрај Аллах, не му се моли на друг бог – за да не бидеш еден од тие што ќе бидат мачени
- И опоменувај ги своите најблиски роднини
- и биди љубезен кон верниците кои те следат
- А ако не те послушаат, ти кажи: „Јас немам ништо со тоа што вие го правите
- И потпри се на Силниот и Милостивиот
- Кој те гледа кога стануваш
- и твоето наведнување меѓу тие кои чинат сеџда
- бидејќи Тој, навистина, сè слуша и сè знае
- Дали да ве известам кому му доаѓаат шејтаните
- Тие му доаѓаат на секој лажливец, грешник
- тие прислушкуваат, а повеќе лажат
- А заведениот ги следи поетите
- Зарем не знаеш дека тие во секој говор навлегуваат
- и дека го говорат тоа што не го прават
- а така не говорат само тие што веруваат и добри дела што прават, и кои често Аллах Го спомнуваат, и кои возвраќаат на навредите. А насилниците сигурно ќе сознаат во каква мака ќе се вовлечат