27.The Ant
- Та–син. Ова се ајети од Куранот и Книгата јасна
- упатство и радосна вест за верниците
- кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои во оној свет цврсто веруваат
- На тие што не веруваат во оној свет, Ние им ги прикажуваме како убави постапките нивни – па тие талкаат
- нив ги чека злобна казна, а на оној свет ќе бидат сосема изгубени
- а ти, навистина, го примаш Куранот од Мудриот и Сезнајниот
- Кога Муса му рече на семејството свое: „Видов оган, ќе ви донесам оттаму вест некаква, или ќе ви донесам разгорен оган за да се загреете.“
- некој, кога му се приближи, го повика: „Нека се благословени тие што се наоѓаат на местото на кое е огнот и тие околу него, и нека е славен Аллах, Господарот на световите
- „О, Муса, Јас сум Аллах, Силниот и Мудриот
- Фрли го својот стап!“ Пакогаго виде дека се движи како да е брза змија, тој се оддалечи и не се врати. „О, Муса, не плаши се! Пратениците кај Мене не треба од ништо да се плашат
- а на тој што грев ќе направи, а потоа злото со добро дело ќе го замени, навистина ќе му простам и милостив ќе бидам
- Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, но нема да биде болна – ќе биде едно од деветте знаци за фараонот и за народот негов; тие се навистина народ грешен, непослушен
- И кога знаците Наши јасно им дојдоа, тие рекоа: „Ова е вистинска магија!“
- И тие, неправедни и арогантни, ги негираа, но во себе веруваа дека се вистински, па погледај како завршија интригантите
- На Давуд и Сулејман знаење им дадовме и тие говореа: „Му благодариме на Аллах Кој нè одликуваше над многуте верници, робови Свои!“
- И Сулејман го наследи Давуд и рече: „О, луѓе, дадено ни е да ги разбираме птичјите гласови и сешто ни е дадено; ова е навистина вистинска благодат!“
- И му се собраа на Сулејман војските негови, џинните, луѓето и птиците, беа собирани па водени
- и кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: „О, мравки, влегувајте во живеалиштата свои за да не ве прегази Сулејман и војските негови, а тоа и да не го забележат!“
- И Тој се насмеа гласно на зборовите нејзини и рече: „Господару мој, вдахни ми да бидам благодарен на благодатта Твоја, која ми ја укажа мене и на родителите мои, и да правам добри дела за задоволството Твое, и внеси ме, со милоста Своја, меѓу добрите робови Свои!“
- И Тој изврши смотра на птиците, па рече: „Зошто не го гледам Пупунецот, отсутен ли е
- Ако не ми донесе разумно оправдување, со тешка казна ќе го казнам или ќе го заколам!“
- Не помина многу време, а тој дојде, па рече: „Го дознав тоа што ти не го знаеш, од Саба ти носам поверлива вест
- Видов една жена како владее и дека сè и сешто ѝ е дадено, а има и величествен престол
- видов дека таа и народот нејзин на Сонцето му се клањаат, а не на Аллах. Шејтанот им ги прикажал убави постапките нивни и од Вистинскиот пат ги одвратил, па тие не знаат да гонајдат Вистинскиот пат
- за да Му се клањаат на Аллах, Кој го обелоденува тоа што е скриено на небесата и на Земјата и Кој го знае тоа што го криете и тоа што јавно го изнесувате
- Аллах е, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен
- „Ќе видиме,“ - рече Сулејман - „дали ја зборуваш вистината или не
- Однеси го ова мое писмо, па фрли им го, а потоа оддалечи се малку од нив и погледни што ќе ти одоговорат!“
- „О, големци,“ - рече таа - „мене ми е доставено едно писмо вредно за почит
- Сигурно е од Сулејман и сигурно е: „Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
- Не правете се поголеми од мене, туку дојдете да ми се покорите.“
- „О, големци,“ - рече таа - „советувајте ме што треба во овој случај да сторам; јас без вас ништо не сакам да одлучам!“
- „Ние сме многу силни и храбри,“ - рекоа тие - „но ти наредуваш. Па, размисли што ќе наредиш!“
- „Кога царевите ќе освојат некој град,“ - рече таа - „тие го разоруваат, а неговите угледни жители ги прават понижени; ете, така постапуваат
- Ќе им испратам еден подарок и ќе видам со што гласниците ќе се вратат.“
- И кога гласникот излезе пред Сулејман, овој му рече: „Зарем со богатство мене да ме придобиете? Тоа што Аллах мене ми го дал е подобро од тоа што вам ви дал. Вие му се радувате на тоа што ви се дава
- Врати се кај нив! Ние ќе донесеме војски на кои нема да може да им се спротивстават и ќе ги протераме од Саба понижени и покорени
- О, големци, кој од вас ќе ми го донесе нејзиниот престол, пред да ми дојдат како муслимани.“
- „Јас ќе го донесам,“ - рече Ифрит, еден од џинните - „пред да станеш од своето место, јас сум за тоа силен и доверлив“
- „А јас ќе го донесам“ - рече тој што го имаше знаењето од Книгата - „пред да трепнеш со окото“. И кога Сулејман виде дека престолот е веќе пред него поставен, извика: „Ова е благодат од Господарот мој, Кој ме искушува дали благодарен или неблагодарен ќе бидам. А кој е благодарен – во своја корист е благодарен, а кој е неблагодарен – па Господарот мој е Независен и Благороден
- „Смени го изгледот на нејзиниот престол да видиме дали ќе го препознае или не!“
- И кога таа дојде, ѝ беше кажано: „Дали е ваков престолот твој?“ „Како да е тој!“ - извика таа. „А нам пред неа ни беше дадено знаењето, и ние сме муслимани.“
- А за да не верува исправно, неа ја спречија тие кои таа покрај Аллах ги обожуваше
- „Влези во дворецот!“ ѝ беше кажано. Кога таа го погледна, помисли дека е длабока вода, па го крена фустанот, разоткривајќи ги своите нозе. „Овој дворец е поплочен со сјајно стакло!“ - рече тој. „Господару мој!“ - извика таа - „Јас си сторив насилство на себеси и во друштво на Сулејман, Му се предавам на Аллах, Господарот на световите!“
- А на Семуд му го пративме братот негов, Салих: „Само Аллах обожувајте Го!“ – а тие се поделија во две групи кои меѓусебно се препираа
- „О, народе мој,“ - им говореше тој - „зошто го барате злото, пред доброто? Зошто не барате прошка од Аллах, за да ви се укаже милоста?“
- „Ние те сметаме тебе и тие што се со тебе за кобен предзнак!“ - рекоа тие. „Вашиот кобен предзнак е кај Аллах,“ - рече тој - „вие сте народ кој е ставен на искушение.“
- Во градот имаше деветмина кои по земјата, не ред, туку неред правеа
- „Заколнете се во Аллах,“ - рекоа - „дека во ноќта него и семејството негово ќе го убиеме, а тогаш на неговиот најблизок крвен сродник ќе му кажеме: ,Ние не присуствувавме на убиството на семејството негово, ние, навистина, вистината ја говориме.“
- И смислуваа сплетки, па и Ние, но тие тоа не го чувствуваа
- па погледни каква беше последицата на сплеткарењето нивно: ги уништивме сите – и нив и народот нивен
- Ете ги куќите нивни, пусти се поради неправдата која ја правеа – тоа е навистина поука за народот кој знае
- а ги спасивме тие штоверуваа икоиод Аллах сеплашеаиод гревовите се чуваа
- И Лут го пративме, кога му рече на народот свој: „Зошто правите разврат, јавно, едни пред други
- Зарем, навистина, со страст им приоѓате на мажите, наместо на жените? Вие сте навистина народ кој не знае.“
- А одговорот на нарадот негов, гласеше: „Избркајте го семејството на Лут од вашиот град, тие се чисти и невини луѓе!“
- И Ние го спасивме него и семејството негово, сите, освен сопругата негова. Ние одредивме таа да остане со тие кои казната ќе ја искусат
- и пуштивме врз нив камен дожд, а страшен ли дожд за тие што беа предупредени
- Кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах инека е мир надробовите Негови кои Тој ги одбрал!“ Кој е подобар: Аллах или тие кои Нему Му ги здружуваат
- Тој Кој небесата и Земјата ги создаде и Кој од небото ви спушта дожд со чија помош Ние даваме да позеленат градините прекрасни, невозможно е вие да направите да израснат дрвјата нивни. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, но тие се народ кој други со Него изедначуваат
- Тој Кој Земјата за живеалиште ја направи и низ неа реки спроведе и на неа стабилни планини постави и две мориња прегради. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, туку повеќето од нив не знаат
- Тој Кој на човекот кој е во неволја, кога ќе Му се обрати, му се одѕива, и Кој злото го отстранува и Кој на Земјата едни со други ве сменува. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Колку малку размислувате
- Тој Кој во темнините, на копното и на морето, патот ви го покажува и Кој ветровите како радосна вест пред милоста Своја ги испраќа. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Аллах е високо над тие кои Му ги здружуваат
- Тој Кој од ништо создава сè, Кој тоа повторно ќе го направи, и Кој снабдувањето од небо и од земјата ви го дава. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Кажи: „Докажете ако ја зборувате вистината!“
- Кажи: „Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот; и тие не знаат кога ќе бидат оживеани.“
- Зарем тие за оној свет знаат нешто? Ништо! Тие се сомневаат во него, тие се слепи спрема него
- Неверниците велат: „Зарем кога ќе станаме земја, и ние и предците наши, навистина оживеани ќе бидеме
- Ова уштеодамна ни севетува, инам ина предците наши, аовасесамо измислици на древните народи
- Кажи: „Патувајте по светот и видете како завршиле злосторниците!“
- И не тагувај поради нив и нека не ти биде тешко во душата поради сплетките нивни
- „Кога, веќе еднаш, ќе се оствари тоа ветување, ако Вистината ја говорите?“ - прашуваат тие
- Кажи: „Сигурно ќе ве стигне нешто од тоа што го избрзувате!“
- А Господарот твој е неизмерно добар кон луѓето, но повеќето од нив не се благодарни
- Господарот твој добро го знае тоа што градите нивни го кријат и тоа што јавно го изнесуваат
- Нема ништо скриено ни на небото ни на Земјата, а да не е во Книгата јасна
- Овој Куран на синовите Израилови најмногу им кажува за тоа за што не се согласуваат
- и тој е, навистина, упатство и милост на верниците
- Господарот твој по правдата Своја ќе им пресуди; Тој е Силниот и Сезнајниот
- затоа потпри се на Аллах, затоа што ти, навистина, ја следиш Јасната Вистина
- Ти не можеш мртвите да ги повикуваш ни глувите да ги довикуваш кога со грбовите ќе се завртат
- ниту можеш слепите од заблудата нивна да ги одвратиш; можеш само да ги повикаш тие кои во зборовите Наши веруваат. Тие се предани
- И кога ќе дојде времето тие да бидат казнети, Ние ќе направиме од земјата да излезе едно животно коеќе им каже дека луѓетоводоказите Наши не биле уверени
- А на Денот кога од секој народ ќе собереме куп од тие што доказите Наши ги негираа – тие ќе бидат собирани па приведувани
- и кога ќе дојдат, Тој ќе запраша: „Дали вие доказите Мои ги негиравте не размислувајќи за нив, или што правевте?“
- И нив ќе ги стигне казна затоа што беа насилници, па нема да можат ни збор да изустат
- Зарем не видоа дека ноќта ја направивме за во неа да одморат, а денот видлив?! Тоа се, навистина, докази за народот кој верува
- А на Денот кога во рогот ќе се дувне, па смртно ќе се преплашат и тие на небесата и тие на Земјата, освен тие кои Аллах ќе ги поштеди, сите понизно ќе Ми дојдат
- Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни, а тие се движат192 како што се движат облаците, тоа е дело на Аллах, Кој сè совршено создал; Тој навистина го знае тоа што го правите
- Тие штоќенаправат добро дело, ќедобијат големанаграда занего иод стравот на Судниот ден ќе бидат поштедени
- а тие што ќе нанесуваат зло, во Огнот на глава ќе бидат турнати. „Па зарем вие се казнувате, освен за тоа што го правевте?“
- Јас примив заповед да Го обожувам само Господарот на овој град кој Тој го направи свет – а сè Му припаѓа Нему – и наредено ми е да Му бидам послушен
- и Куранот да го кажувам; Тој што ќе оди по Вистинскиот пат на Вистинскиот пат е за свое добро, а на тој што е во заблуда, ти кажи му: „Јас само опоменувам.“
- И кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Тој знаците Свои ќе ви ги покаже, па вие ќе ги познаете!“ А Господарот твој не e немарен кон тоа што го правите