30.The Romans
- Елиф-лам-мим
- Византијците се победени
- во најблиската земја, но тие, после поразот свој, сигурно ќе победат
- за неколку години – и пред и потоа, Аллахова е одлуката – и тогаш верниците ќе се радуваат
- на Аллаховата помош– Тој помагакомусака, Тој е Силен и Милостив
- Аллахово е ветувањето, а Аллах ветувањето Свое не го прекршува, но повеќето луѓе не знаат
- Тие ја знаат само надворешната страна на овосветскиот живот, а кон оној свет се рамнодушни
- А зошто не размислат самите за себеси? Аллах ги создаде небесата и Земјата и тоа што е помеѓу нив со Вистина и до рокот одреден. А многумина одлуѓетоневеруваат дека пред Господарот свој навистина ќе излезат
- Зошто не патуваат по светот за да видат како завршиле тие пред нив? Тие беа посилни од нив, и земјата ја ораа и ја обработуваа повеќе отколку што ја обработуваат овие, и пратениците им донесуваа јасни докази; Аллах не им направи неправда, самите на себеси си нанесоа неправда
- Тие што правеа зло, ќе завршат со најужасно страдање, затоа што Аллаховите зборови ги негираа и затоа што ги исмејуваа
- Аллах го почнува создавањето и потоа го обновува и на крајот Нему ќе Му се вратите
- На Денот кога ќе настапи Часот, злосторниците секаква надеж ќе изгубат
- И тие меѓу своите божества нема да имаат посредници и тие своите божества ќе ги негираат
- На Денот кога ќе настапи Часот на оживувањето, луѓето ќе се раздвојат
- тие штоверуваа ишто правеа добри делавоџеннетската градина ќесе радуваат
- а тие што не веруваа и што ајетите Наши и средбата на Судниот ден ја негираа, во Огнот ќе бидат фрлени
- Па, Славен и Возвишен нека е Аллах кога ќе ве стемни и кога ќе осамнете
- Нему нека Му е благодарноста и на небесата и на Земјата, и предвечер и на пладне
- Тој живото го изведува од мртвото и го изведува мртвото од живото. Тој ја оживува земјата по мртвилото нејзино - и на ист начин вие ќе бидете оживеани
- Еден од доказите Негови е тоа што од земја ве создаде, и одеднаш, луѓе, секаде ве има распространети
- И еден од доказите Негови е тоа што за вас, од видот ваш, создава жени за покрај нив да се смирите, и тоа што помеѓу вас создава љубов и сомилост. Во тоа навистина има знаци за луѓето што размислуваат
- И еден од доказите Негови е создавањето на небесата и на Земјата, и разновидноста на јазиците ваши и на боите ваши; во тоа навистина има знаци за тие што знаат
- И еден од доказите Негови е вашиот сон и ноќе и дење, и вашето настојување да стекнете нешто од изобилството Негово; во тоа навистина има знаци за луѓето кои слушаат
- И еден од доказите Негови е тоа што ви ја покажува молњата, за да се заплашите и за да се понадевате, и тоа што од небото спушта дожд и со него ја оживува земјата по мртвилото нејзино; во тоа навистина има знаци за луѓето кои разбираат
- И еден од доказите Негови е тоа што небото и Земјата ги одржува поради волјата Негова. Потоа, штом Тој само еднаш од земјата ќе ве повика, бргу ќе излезете
- Нему Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата, Нему сè Му е потчинето
- Тоа е Тој што создава од ништо и Тој тоа повторно ќе го стори, Нему тоа Му е лесно; Нему Му припаѓа највозвишениот пример и на небесата и на Земјата; Тој е Силен и Мудар
- Тој како пример ве наведува вас самите: дали тие кои се во ваша сопственост се изедначени со вас во тоа што Ние ви го даваме, та во тоа сте исти, и дали им се плашите како што вие едни од други се плашите? – Ете, така Ние подетално ги изнесуваме доказите Наши на луѓето кои разбираат
- Но, неверниците лекомислено ги следат своите страсти, - а кој ќе го упати на Вистинскиот пат тој што Аллах го оставил во заблуда? – На нив нема никој на помош да им притрча
- Ти насочи го лицето свое кон верата, искрено; кон верата Аллахова чиста, со која луѓето ги создаде. Нема измена на Аллаховата вера, тоа е вистинската вера, но повеќето луѓе тоа не го знаат
- Обраќајте Му се предано! Плашете се од Него и извршувајте го намазот (молитвата), и не бидете како многубошците
- како тие кои верата своја ја растурија и во секти се поделија; секоја секта задоволна со тоа што го проповеда
- А кога луѓето неволја ќе ги снајде, тие на Господарот свој покајнички Му се обраќаат, а потоа, кога Тој ќе им даде да ја вкусат милоста Негова, одеднаш некои од нив на Господарот свој здруженик Му припишуваат
- за да бидат неблагодарни на тоа што Ние им го даваме. Па уживајте, а ќе дознаете
- Зарем Ние сме им испратиле некаков доказ кој говори во прилог на тие кои Нему за рамни Му ги сметаат
- Кога ќе им допуштиме на луѓето да се насладуваат со благодатите, тие им се радуваат, а кога ќе ги снајде неволја, поради делата на нивните раце, одеднаш очајуваат
- Зарем тие не знаат дека Аллах во изобилство му дава снабдување на тој на кого Тој сака, и дека го ускратува? Навистина, во тоа има докази за луѓето кои веруваат
- Затоа подај мугонаближниот правото негово, ина сиромашниот, ина патникот – намерник! Тоа е подобро за тие кои го сакаат Аллаховото лице; тие ќе постигнат што сакаат
- А парите кои ги давате за да се зголемат со парите на другите луѓе, кај Аллах нема да се зголемат, а за зекатот кој го давате сакајќи го Аллаховото лице - на таквите повеќекратно ќе им се зголемат добрите дела
- Аллах е Тој што ве создава и потоа ве снабдува; Тој животот ќе ви го одземе и на крајот ќе ве оживее. Постои ли барем едно ваше божество кое што било од тоа го прави? Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат
- Поради тоа што луѓето го прават се појави метеж и на копното и на морето, за Тој да им даде да почувствуваат дел од казната поради тоа што го прават, за да се поправат
- Кажи: „Патувајте низ светот и погледнете како завршија тие пред вас; повеќето од нив беа многубошци.“
- Затоа ти насочи го лицето свое кон вистинската вера, пред, со Аллахова волја, да настапи Денот кој никој нема да може да го одбие. Тој ден тие ќе се раздвојат
- тие што не веруваа - на своја штета не веруваа, а тие што правеа добри дела - за себе џенет си подготвија
- за Тој од добрината Своја да ги награди тие што веруваа и што правеа добри дела; а Тој навистина не ги сака неверниците
- Еден од доказите Негови е тоа што Тој ги праќа ветровите како носители на радосни вести, за да ви даде Неговата милост да ја почувствувате и бродовите со Негова волја да пловат и од Неговото изобилство да стекнувате, и благодарни да бидете
- И пред тебе на нивните народи Пратеници им праќавме и тие вистински докази им носеа, па тие што грешеа ги казнувавме, а Ни беше должност да им помогнеме на верниците
- Аллах е Тој кој ветровите ги испраќа, и тие облаците ги гонат и Тој низ небото, како што Тој сака, ги распространува и на парчиња ги дели, па ти гледаш како од нив паѓа дожд, и кога Тој на робовите Свои на кои Тој сака го пролева, тие одеднаш со радост се исполнуваат
- иако беа очајни пред да се спушти врз нив
- Затоа погледни ги трагите на Аллаховата милост - како Тој ја оживува земјата по нејзиното мртвило! Тој, навистина и мртвите ќе ги оживее. Тој може сè
- А да испратиме ветер и тие да видат дека сè пожолтело, тие, и после тоа, благодатите ќе ги негираат
- Ти не можеш мртвите да ги довикнеш, ни глувите да ги довикаш кога од тебе ќе се свртат
- ниту можеш слепите од заблудата нивна да ги одвратиш; само можеш да ги довикнеш тие што во Нашите ајети веруваат, само тие ќе се покорат
- Аллах е Тој што ве создава нејаки, и потоа, по нејакоста, ви дава сила, а по силата изнемоштеност и старост; Тој создава што сака: Тој сè знае и сè може
- А на Денот кога Часот на оживувањето ќе настапи, злосторниците ќе се колнат дека само еден час останале (во гробовите); а и претходно вистината ја избегнуваа
- А ќе кажат тие на кои им е дадено знаењето и верувањето: „Вие останавте, според Аллаховата Книга, сè до Денот на оживувањето, а ова е Денот на оживувањето, само што вие не знаете.“
- Тој Ден нема за ништо да им послужат правдањата на тие кои кон себеси се огрешиле и нема од нив да се бара да Му се умилат на Аллах
- Во овој Куран Ние на луѓето им наведуваме разновидни примери. А кога ти би им донел какво било чудо, тие што не сакаат да веруваат повторно би рекле: „Вие само лаги изнесувате!“
- Ете, така Аллах им ги запечатува срцата на тие што не сакаат да знаат
- А ти биди трпелив! Аллаховото ветување, навистина, е вистина и нека никако не те залажуваат тие што цврсто не веруваат