85.The Constellations

  1. Се колнам во небото ѕвездено
  2. и во Денот веќе одреден
  3. и во сведокот и во посведоченото
  4. Проклети нека се тие што рововите ги ископаа
  5. и кои со оган и гориво ги наполнија
  6. кога околу него седеа
  7. и беа сведоци на тоа што на верниците им го правеа
  8. А им се одмаздуваа само затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот
  9. Чијашто власт е на небесата и на Земјата, а Аллах е Сведок на сè
  10. Тие што верниците и верничките ќе ги мачат, и потоа нема да се покајат, ги чека казна во џехеннемот и исто така пржење во огнот
  11. А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела ги чекаат џеннетски градини низ кои реки ќе течат, а тоа голем успех ќе биде
  12. Одмаздата на Господарот твој, навистина, ужасна ќе биде
  13. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи
  14. И Тој простува и полн е со љубов
  15. Господарот на Аршот, Возвишениот
  16. Тој прави што Му е Нему по волја
  17. Дали допре до тебе веста за војските
  18. за фараонот и за Семуд
  19. Но, тие што не веруваат постојано негираат
  20. а на Аллах тие нема да можат да Му избегаат
  21. А ова е Куранот величествен
  22. на Плочата внимателно чувана