86.The Morning Star

  1. Се колнам во небото и во Тарик
  2. А знаеш ли ти што е Тарик
  3. Ѕвезда блескава
  4. Нема човек над кого некој не бдее
  5. Нека погледне човекот од што е создаден
  6. Создаден е од течноста што се исфрла
  7. од врската на надворешните делови на телата на мажот и на жената
  8. И Тој навистина е кадар повторно да го создаде
  9. оној Ден кога ќе биде испитувана совеста
  10. кога човек ниту сила ниту бранител ќе има
  11. И се колнам во небото дождливо
  12. и во земјата која се отвора кога растенијата никнуваат
  13. Куранотнавистина еговор кој ја раздвојува вистината одневистината
  14. тој не е никаква лакрдија
  15. Тие се служат со разни интриги
  16. а Јас ги уништувам
  17. затоа на неверниците дај им уште време, остави ги уште некој миг