88.The Overwhelming

  1. Допре ли до тебе веста за Гашија
  2. Кога некои лица потиштени
  3. преморени и напатени
  4. во огнот жесток ќе се пржат
  5. од изворот жежок ќе пијат
  6. и кога друга храна освен трње нема да има
  7. коешто нема да нахрани, а ни гладта нема да ја отстрани
  8. Некои лица тој Ден ќе бидат радосни
  9. со трудот свој задоволни
  10. во џеннетот возвишен
  11. во кој нема да слушаат зборови празни
  12. Во него има извори кои течат
  13. и дивани скапоцени
  14. и пехари подигнати
  15. и перници наредени
  16. и килими постелени
  17. Па зошто не ја погледнат камилата како е создадена
  18. и небото како е воздигнато
  19. и планините како се поставени
  20. и Земјата како е прострена
  21. Ти опоменувај – твое е да опоменуваш
  22. ти над нив власт немаш
  23. А тој што главата од Вистината ја врти и не сака да верува
  24. него Аллах со најголема казна ќе го казни
  25. Нам, навистина, тие ќе ни се вратат
  26. и пред Нас, навистина, сметката ќе ја полагаат