Зарем не знаеш, со народот Ад, Господарот твој што стори
и со жителите на Ирем, кои имаа градби со високи столбови
на коишто слични во ниедна земја им немаше
и со народот Семуд, кои ги делкаа карпите во долините
и со фараонот што имаше шатори;
кои на земјата насилство чинеа
и пороци на неа умножија
Па Господарот твој со камшикот на страданието ги казни
зашто Господарот твој, навистина, набљудува сè
А човекот, пак, кога Господарот негов сака да го искуша, па ќе му покаже почест и ќе го опсипе со благодати, вели: „Господарот мој кон мене благородно постапи!“
А кога, пак, ќе го искуша со сиромаштија, човекот вели: „Господарот мој ме понижи!“
А не е така! Вие внимание на сирачето не му посветувате
и сиромавиот да се нахрани – еден со друг не си советувате
а наследството алчно го јадете
и богатството претерано го сакате
А не чини така! Кога Земјата на парчиња ќе се здроби
и кога Господарот твој ќе дојде со мелеците во редови наредени
и кога тој Ден џехеннемот ќе биде доведен; тогаш човекот ќе се сети – а за што ќе му е тогаш сеќавањето
и ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“
Тој Ден никој како Него нема да казнува
и никој како Него нема во окови да врзува
А ти, о, душо смирена
врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен