91.The Sun

  1. Се колнам во Сонцето и во светлината негова
  2. и во Месечината која го следи
  3. и во денот кога ќе го раздени
  4. и во ноќта кога ќе го засолни
  5. И во небото и во Тој што го крена
  6. и во Земјата и во Тој што ја направи пространа
  7. и во душата и во Тој што ја создаде
  8. па патот на доброто и патот на злото сфатливи ѝ ги стори
  9. Ќе успее само тој што ќе ја исчисти
  10. а ќе биде изгубен тој што во заблуда ја води
  11. Семуд поради насилството свое негираше
  12. кога еден несреќник меѓу нив се појави
  13. па Аллаховиот пратеник им довикна: „Грижете се за камилата Божја и за времето кога таа треба да пие!“
  14. Но, не му поверуваа, туку ја заклаа. А Господарот нивен заради гревовите нивни ги уништи и до последен ги истреби
  15. не стравувајќи за последиците поради тоа