92.The Night

  1. Се колнам во ноќта кога темнините ги распостила
  2. и во денот кога ќе се раздени
  3. и во Тој што машко и женско создава
  4. вашиот труд навистина е различен
  5. На тој што дава и што не греши
  6. и тоа најубавото што го смета за вистинито
  7. нему џеннет ќе му подготвиме
  8. а на тој што е скржав и се чувствува независен
  9. и тоа најубавото што го смета за лажно
  10. нему џехеннемот ќе му го подготвиме
  11. и имотот, кога ќе умре, нема да му користи
  12. Ние сме должни да укажеме на Вистинскиот пат
  13. и единствено Нам ни припаѓаат оној и овој свет
  14. Затоа ве опоменувам со огнот распален
  15. во којшто само несреќникот ќе влезе
  16. тој што ќе негира и главата од вистината ќе ја врти
  17. А далеку од него ќе биде богобојазниот
  18. тој што од имотот свој ќе дава, за да се исчисти
  19. не очекувајќи со благодарност да му се возврати
  20. туку единствено копнеејќи по Лицето на Господарот свој Севишен
  21. и тој навистина задоволен ќе биде