94.The Consolation

  1. Зарем не ги направивме градите твои пространи
  2. и товарот твој од тебе го симнавме
  3. што на плеќите твои тежеше
  4. и споменот на тебе високо го воздигнавме
  5. Па, навистина, по секоја тешкотија доаѓа олеснување
  6. навистина, по секоја тешкотија доаѓа олеснување
  7. А кога ќе завршиш, на молитва предај се
  8. и само на Господарот свој обраќај Му се