95.The Fig

  1. Се колнам во смоквата и во маслинката
  2. и во гората Синајска
  3. и во градот овој безбеден
  4. дека човекот во најдобар облик го создаваме
  5. а потоа во најгрозен лик ќе го вратиме
  6. освен тие што веруваат и што прават добри дела, зашто нив ги чека постојана награда
  7. Па што, по ова, те наведува да го сметаш за лажен Судниот ден
  8. Па зарем Аллах не е Најмудриот Судија