99.The Earthquake

  1. Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе
  2. и кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли
  3. и кога човекот ќе извика: „Што ѝ е?!“
  4. тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува
  5. бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди
  6. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат
  7. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види
  8. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види